Главниот претрес од судскиот процес на којшто му се суди на обвинетиот Илија Спасески за физички напад и нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, секретар на Бугарскиот клуб во Охрид е одложено на барање на адвокатите на обвинетиот.
-
Македонија 28.02.2023 12:03
-
Македонија 28.02.2023 11:37
Синдикатот на вработените во МФ се заканува со штрајк
Синдикатот на вработените во Министерството за финансии бара зголемување на платите на сите вработени. Во спротивно, се заканија со масовни штрајкови. Со Законот за буџети, донесен во Собранието со политички консензус се предвидува зголемување на платите за 30 проценти, велат од Синдикатот.
-
Македонија 28.02.2023 11:35
Владата ќе одлучува дали ќе ја замрзне цената на лебот
Владата на редовната седница треба да донесе одлука дали ќе ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама, на максимум 33 денари.
Министерството за економија предлага и укинување на субвенционираната струја за прехранбените фирми, затоа што не ги намалиле цените.
-
Македонија 28.02.2023 11:19
Дојави за бомби во 21 средно и 18 основни училишта во Скопје
Нови дојави за поставени експлозивни направи упатени на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје. По добиените пријави, полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.
-
Македонија 28.02.2023 11:13
Претрес во струшко Октиси, пронајдена дрога, приведено едно лице
Вчера, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Л.(42) од струшкото село Октиси. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
-
Македонија 28.02.2023 10:52
Османи денес пред Хелсиншка комисија во Вашингтон, вчера средби со Шерман и Шоле
Во рамки на својата дводневна посета на Вашингтон, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, денес ќе настапи пред Хелсиншката комисија во Претставничкиот дом, каде ќе има обраќање на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023“.
-
Македонија 28.02.2023 10:51
Се одложи судењето за напаѓачот на Пендиков, одбраната ги бара доказите
Се одложи првото рочиште во Основниот суд Охрид за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
-
Македонија 28.02.2023 10:51
Приведени крадци во Велес, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 08.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Г.(31), Г.Б.(33) и Н.Е.(37), сите од Скопје. Тие биле затекнати во фабрика во Велес како сечат одземени бакарни кабли.
-
Македонија 28.02.2023 10:15
Одложено судското рочиште за кардиохирургот Жан Митрев
Се одложи судењето на кардиохирургот Жан Митрев кој денеска требаше да седне на обвинителна клупа. Причината е да се докомплетира правниот тим на одбраната. Следното рочиште е закажано на 5-ти април.
-
Македонија 28.02.2023 09:47
МВР: 280 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 280 возачи.










