Во утринско гостување на Националниот сервис МРТ 1 градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави дека советниците за Предлог одлуката за основање општинско претпријатие за продажба и производство на струја ќе гласаат на следната Седница на совет закажана за среда.
-
Македонија 20.02.2023 11:16
-
Македонија 20.02.2023 11:05
Системот „Мое Осигурување“ функционира за осигурениците во цела држава
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување“ функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички приспособувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.
-
Македонија 20.02.2023 10:47
МВР: 143 санкциониран возачи под дејство на алкохол
На 19.02.2023 во периодот од 00.00 до 05.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 143 возачи.
-
Македонија 20.02.2023 10:30
Утрово упатена закана за бомби во десет училишта
На електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Во тек е безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички проверки за расчистување на случаите, информира Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 20.02.2023 10:25
517 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 517 возачи.
-
Македонија 20.02.2023 09:49
Синдикатот на АД Пошта ќе информира за актуелната состојба во претпријатието
Синдикатот на АД Пошта на Северна Македонија денеска ќе информира за актуелната состојба во која се наоѓа претпријатието.
-
Македонија 20.02.2023 09:30
Закажано судењето за нападот врз Пендиков
Основниот суд во Охрид за 28-ми февруари го закажал првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Напаѓачот е пуштен од притвор, ќе му се суди поради нанесување тешки телесни повреди поради омраза национална и етничка припадност.
-
Македонија 20.02.2023 09:21
Платено породилно за жените земјоделки
Над 1000 регистрирани жени земјоделки, во земјава уште чекаат социјална правда, да добијат платено породилно отсуство како и другите работнички. Иницијативата останува на мрежа од 60 невладини организации. Надежта е дека годинава можеби ќе има системско решение.
-
Македонија 20.02.2023 09:21
Вработените во ГОБ„8 Септември“ денеска на предупредувачки протест
Денеска предупредувачки протест на вработените во Градската општа болница„ 8-ми Септември“. Паузата од 13 до 13 и 30 часот, ќе ја искористат пред установата, искажувајќи го револтот поради доцнењето на платата.
-
Македонија 20.02.2023 09:10
Пречек на припадниците на Армијата што учествуваа во спасувачкиот тим во Турција
Во касарната „Илинден“, во Скопје денеска напладне ќе биде организиран пречек на припадниците на специјалните сили на Армијата кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција.










