Намалување на бројот на заболени од грип бележи кумановскиот Центар за јавно здравје. Од јавната установа информираат дека очекуваат бројката да продолжи да се намалува. Најмногу заболени се лицата од 15 до 64 години, работоспособното население, помал број деца.
-
Македонија 18.02.2023 16:28
-
Македонија 18.02.2023 16:09
Општина Пробиштип на чекор до решение на проблемот со јаловиштето на рудникот „Злетово“
Општина Пробиштип е на чекор до решение на деценискиот проблем со старата јаловишна депонија на рудникот „Злетово“. Најголемата еколошка бомба во регионот содржи околу 11 милиони метри кубни хидро јаловина со тешки метали кои ги контаминираат воздухот, водата и почвата.
-
Македонија 18.02.2023 14:15
План за заштита и управување на изворите кај Свети Наум
За прв пат се врши инвенторизација на биодиверзитетот и екосистемот на изворите во Свети Наум. Целта на овој попис е да се добијат нови релевантни податоци за состојбата на природното наследство.
-
Македонија 18.02.2023 13:09
Со меѓународна соработка до глобална безбедност
Целосната меѓународна соработка и обединетост е единствениот начин да се обезбеди глобалната безбедност – истакна премиерот Ковачевски за време на Минхенската безбедносна конференција.
-
Македонија 18.02.2023 12:39
Ковачевски – Калас: Соработката со Естонија за дигитална трансформација е од голема важност за јакнење на сајбер безбедноста на Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на Минхенската безбедносна конференција остварија средба со премиерката на Естонија, Каја Калас.
-
Македонија 18.02.2023 12:11
Винариите доцнат со исплата на ланскиот род
Лозарите започнаа со работите околу кроењето на лозјето, на подготовката за новата сезона. Но проблемите кои останеле од лани, уште ги тиштат. Се жалат дека останало големо количество необрано грозје, дека уште не е исплатено откупеното.
-
Македонија 18.02.2023 10:37
Ковачевски – Кришто: Заедно работиме за стабилен Западен Балкан во Европската Унија
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамки на Минхенската безбедносна конференција, денеска оствари средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, г-ѓата Борјана Кришто.
-
Македонија 18.02.2023 10:30
Ковачевски-Вучиќ: Србија и Северна Македонија се залагаат за стабилен просперитетен регион
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска во Минхен на безбедносната конференција оствари средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.
-
Македонија 18.02.2023 10:05
Ковачевски на 59-та Минхенска конференција
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на годинешната Минхенска конференција. Премиерот Ковачевски е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
-
Македонија 18.02.2023 09:32
Приведен крадец баран по потерница, осуден на 20 години казна затвор
Вчера во 14.30 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(36) од Штип.










