Дополнителен армиски тим од 36 припадници на Баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатините замина во Турција.
-
Македонија 09.02.2023 15:19
-
Македонија 09.02.2023 15:19
Радев бара ЕУ - мониторинг за „македонските Бугари“
Бугарскиот претседател Радев од Европската Унија бара да воведе мониторинг, за како што вели, да се почитуваат правата на македонските Бугари. Тврди дека во Македонија се води антибугарската кампања, која води кон злосторства од омраза, палење и пукање во бугарски клубови и физичко насилство.
-
Македонија 09.02.2023 14:50
Учениците вратени од Турција во добра здравствена состојба, пречекани со многу емоции
17 годишниот ученик Шкмбр Беџети од Тетово е еден од македонските ученици кои за време на катастрофалниот земјотрес бил во Кахраманмараш преку програмата „Еразмус плус“ Детето сè уште е под голем стрес и паника раскажува неговиот татко Ајет.
-
Македонија 09.02.2023 14:27
И денеска дојави за бомби во основни и средни училишта
Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје. Учениците се евакуирани, во тек се антитерористички проверки.
Трет ден во оваа седмица наставата е прекината поради пристигнати закани на електронските адреси на училиштата за поставени експлозивни направи.
-
Македонија 09.02.2023 14:12
Тренчевска: Потребно е креирање на соодветни родово одговорни политики
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности, Гордана Сиљановска – Давкова и претседателката на Клуб на пратенички Лолита Ристова ја отворија деветтата по ред јавна расправа за новиот предлог Закон за родова еднаквост.
-
Македонија 09.02.2023 13:54
Невропсихијатар доброволно бара да замине во Турција
Невропсихијатарот, Мице Дудучки заедно со својот син психолог, е меѓу првите лекари, кои се пријавија на повикот на Министерството за здравство, за доброволно помагање на лицата погодени по разорниот земјотрес во Турција.
-
Македонија 09.02.2023 13:43
При кај се преговорите за проширување на владиното мнозинство
Финишираат преговорите за проширување на владиното мнозинство.
-
Македонија 09.02.2023 13:40
Платеното отсуство за мајчинство тема на денешната средба на Николовски со жени земјоделки
Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски се сретна со рурални жени членки на НФФ. На денешната средба министерот ја објасни програмата за мајчинство со која е уредена мерката за жените земјоделки кои ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство.
-
Македонија 09.02.2023 13:25
Пред Владата минута молк за починатиот Благојче
Пациентите со цистична фиброза пред Владата. Со едноминутно молчење ќе се збогуваат со својот соборец, Благојче Илиевски кој чекајќи ја новата терапија не успеа да се избори со болеста.
Од здружението, вината ја лоцираат во инертноста на системот да се набави лекот „Трикафта“.
-
Македонија 09.02.2023 13:17
Ковачевски на средба со амбасадори на земји членки на ЕУ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски имаше состанок со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и со амбасадори на земји членки на Европската Унија, во нашата држава.









