Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до-4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.
-
Македонија 08.02.2023 08:35
-
Македонија 08.02.2023 07:58
Нема опасност за посевите од ниските температури
Потпросечно ниските минимални температури на воздухот за овој период од годината не треба да ги загрижува земјоделците за евентуални штети на посевите.
-
Македонија 07.02.2023 20:48
МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје
Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и 9 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 07.02.2023 20:32
Tренчевска: Заедно можеме да овозможиме потешко вработливите лица да бидат поконкурентни на пазарот на труд
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставниците Петрица Дулгеру, извршен директор на мрежата РЕДИ, Кристина Маријан, директорка за партнерства во РЕДИ, Асиб Зекир, директор на РЕДИ за рециклирање и зелени иницијативи и независниот експерт, Мила Царовска.
-
Македонија 07.02.2023 18:14
Грковска- Дион: Имплементацијата на реформите се клучни за евроинтеграцискиот процес
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со специјалниот пратеник на премиерот на Канада во Европската Унија и Европа и амбасадор на Канада во Франција и Монако, Стефан Дион.
-
Македонија 07.02.2023 18:00
Ѓоргиевска: Со поврзување на жените и девојките научнички во општеството, политиката и науката, до синергија и нивна поголема застапеност
На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Меѓународниот ден на жените и девојките научнички, денеска се одржа панел дискусија во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ во рамки на Факултетот за електротехника и информациски техн
-
Македонија 07.02.2023 17:42
Утврден Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
Владата, на денешната седница, го утврди и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии.
-
Македонија 07.02.2023 17:41
Се динамизира соработката со САД во рамки на Стратешкиот дијалог
Владата го утврди Планот за активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД со период на реализација од 2023-2033 година, предложен од Министерството за надворешни работи, соопштуваат од владината прес- служба.
-
Македонија 07.02.2023 17:20
Вештакот отсутен, судењето за „Ласкарци“ се одложи
Во скопскиот Кривичен суд се одложи судењето за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци. Вештакот Зеќирија Зеќири, чиешто сослушување требаше да продолжи, не дојде на рочиштето. Го известил судот дека мора да направи лекарски прегледи.
-
Македонија 07.02.2023 17:00
Разговорите за окрупнување на мнозинството во завршна фаза
Работните тимови за проширување на владиното мнозинство наскоро ќе ги финализираат преговорите – потврди премиерот Ковачевски. Тој не сакаше да ги коментира конкретните позиции кои ќе и бидат отстапени на Алијансата на Албанците.










