Не стивнуваат реакциите во Софија и Скопје за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. Премиерот Ковачевски потсети дека Владата и МНР го осудија однесувањето на бугарските државјани и на европратеникот Јорданов, за што е испратено писмо до Европскиот парламент и до Софија.
-
Македонија 07.02.2023 16:35
-
Македонија 07.02.2023 16:01
Жените- земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство
На денешната седница, Владата донесе историска одлука со која се усвои Предлог- програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност.
-
Македонија 07.02.2023 15:10
Нови дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје
Нови закани за поставени бомби во 37 основни и 9 средни училишта на територија на Скопје. Антитерористичките екипи излегоа на терен, ги проверуваат училишните простории, а учениците и наставниот кадар веднаш по добиените дојави се евакуирани.
-
Македонија 07.02.2023 14:47
Договорени поголем дел од работите за влез на АА во Владата
Финишираат преговорите за влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција. Од таму велат дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.
Договорот се очекува официјално да го објават премиерот Ковачевски и лидерот на Алијанса, Таравари.
-
Македонија 07.02.2023 14:35
Приведени сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“
Сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се приведени во полиција, објавија дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
-
Македонија 07.02.2023 14:20
Средба на претседателот Пендаровски со Јан Липавски
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јан Липавски, министер за надворешни работи на Чешката Република, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.
-
Македонија 07.02.2023 14:12
Средба Османи – Дион
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Стефан Дион, специјален пратеник на Премиерот на Канада за Европската Унија и Европа и амбасадор на Канада во Франција и Монако.
-
Македонија 07.02.2023 13:51
Испратен тим од АРМ во Турција
Армијата со авион упати обучен тим за пронаоѓање и спасување, составен од припадници на баталјонот за специјални сили и двајца водачи со службени кучиња, обучени за трагање од командата за обука и доктрини, кои ќе го вложат нивниот максимум за спасување на човечки животи под урнатините, настанати
-
Македонија 07.02.2023 13:45
Недостигот од персонал ја продлабочува кризата во угостителството
Најтешкиот месец за угостителите – февруари го продлабочи проблемот со недостигот од персонал, а сега и со преполовен број посетители во објектите. Ако лани, само преку летото, заминале над 7.000 Македонци, главно во Хрватска, годинава и не може да се предвидат бројките.
-
Македонија 07.02.2023 13:39
Дојава за поставени бомби во 33 училишта во Скопје
Нови 33 дојави за бомби во училишта во Скопје. На електронските адреси им била упатена закана за поставена експлозивна направа. Антитерористичките проверки се во тек.
Од страна на вработените во училиштата учениците се безбедно евакуирани, а алармирани се и нивните родители.










