Нови 33 дојави за бомби во училишта во Скопје. На електронските адреси им била упатена закана за поставена експлозивна направа. Антитерористичките проверки се во тек.
Од страна на вработените во училиштата учениците се безбедно евакуирани, а алармирани се и нивните родители.










