Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе.
-
Македонија 16.01.2023 08:39
-
Македонија 16.01.2023 08:38
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници
Собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници, 48-та и 50-та седница.
-
Македонија 16.01.2023 08:25
Кристофер Левик во посета на Парламентот и на средба со Џафери
Регионалниот директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер за Европа и Централна Азија Кристофер Левик денеска ќе го посети Парламентот.
Како што најави собраниската прес-служба, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со Левик.
-
Македонија 15.01.2023 14:42
МНР побара од Софија да се огради од недолични изјави на одредени политички фигури од Бугарија
Од Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека по дипломатски пат, соодветно реагирале до официјална Софија, да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососе
-
Македонија 15.01.2023 13:39
Расте бројот на деца жртви на семејно насилство
Расте бројот на деца жртви на семејно насилство. Лани, 121 пријава стигнала на телефонската линија за деца и млади Ало Бушавко во Меѓаши, покажува годишниот извештај на Првата детска амбасада. Емоционалното и психичкото вознемирување најчесто доаѓа од родителите.
-
Македонија 15.01.2023 13:38
Долгорочни мерки за аерозагадувањето
За време на викендот Скопје меѓу десетте најзагадени градови во светот. Индексот покажува далеку повисоки параметри на ПМ 10 честички од дозволените. Екологистите велат во моментов не може да се реши аерозагадувањето, но може да се ублажи.
-
Македонија 15.01.2023 13:27
Ахмети: Без уставни измени нема поглавја за ЕУ
Политичките партии мора да работат и да ги убедат луѓето дека нема подобро и единствено решение освен Бугарите да станат дел од Уставот и да го отвориме првото поглавје со ЕУ, порача претседателот на Демократската унија за интеграција, Ахмети.
-
Македонија 15.01.2023 12:39
Утрово тргна првиот дел од ветената помош за Македонците во Албанија
По остварената посета на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Пустец и Голо брдо, на крајот на август, како и заклучоците на Владата на Република Северна Македонија кои уследија како директен резултат на посетата, денес беше упатен првиот дел од помошта за Македонците во Албанија.
-
Македонија 15.01.2023 12:20
Аерозагадувањето во Тетово повторно го надминува прагот
Зголемен број на пациенти во тетовските амбуланти, поради високата концентрацијата на штетни ПМ честички. Се жалат на кашлица, отежнато дишење, токму поради загадениот воздух. Погодени, најранливите.
-
Македонија 15.01.2023 10:17
Струга бара помош од Владата за изградба на стационар за уличните животни
Општина Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Градоначалникот сега бара помош од Владата да помогне во реализацијата, преку заеднички средства или од ИПА фондовите.










