Струмица која во зимските месеци е меѓу позагадените градови во земјава со штетните ПМ 10 и ПМ 2.5 честички ја проширува мрежата со мерни станици со цел побрзо да го детектира можното загадување на воздухот.
-
Македонија 09.05.2026 16:16
-
Македонија 09.05.2026 14:32
Одбележан Денот на победата и Денот на Европа
Европа е нашиот пат. Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската унија, порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 9 ти мај.
-
Македонија 09.05.2026 13:28
Единаесет години од „Диво Насеље“
„Пукотници се слушаа, на зградата на шести спрат имаше куршум на прозорецот“, раскажува кумановецот Мирче, сеќавајќи се на 9-ти мај во 2015-тата, кога во Диво Насеље бил сведок на вооружената престрелка.
-
Македонија 09.05.2026 11:05
Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го прослави Денот на Европа
Од слоганот „Наша Европа, заедно посилни“, делегацијата на Европската унија во Северна Македонија ќе го прослави Денот на Европа. Програмата вклучува низа активности и свечености организирани во соработка со мрежата на Куќата на Европа и локалните власти низ целата земја.
-
Македонија 09.05.2026 10:15
Владата ќе го одбележи Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа
По повод 9 мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа ќе се одржи свечена церемонија под слоганот „Победа, принципи и вредност“.
-
Македонија 09.05.2026 09:35
42-ри марш за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“
42 – от марш на ангелите денес ќе се одржи во Кочани. Здружението „16 март“ повикува на поддршка од граѓаните во барањето правда за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ како и поддршка на повредените.
Маршот ќе започне во 17 часот и пет минути од Паркот на револуцијата.
-
Македонија 09.05.2026 08:54
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 09.05.2026 08:20
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 08.05.2026 20:42
Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
На 10.05.2025 (недела) во периодот од 08:00 часот до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км, со стартна позиција на бул.„Илинден“ пред фонтана
-
Македонија 08.05.2026 20:17
Кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“.










