Родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ изразија најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во швајцарскиот бар во Кран-Монтана, трагедија што ги наврати на кочанската. Велат дека со скршено срце ја примиле веста за трагичната несреќа во Швајцарија.
-
Македонија 02.01.2026 18:28
-
Македонија 02.01.2026 17:46
Запленети десет килограми кокаин
Во скопското село Горно Количани, полицијата откри и заплени 10 килограми кокаин. Приведен е 26-годишник и е одземено патничкото возило во кое е откриена дрогата скриена во импровизиран бункер. Тој е осомничен за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
-
Македонија 02.01.2026 17:24
„УСЈЕ“ не загадува над дозволеното
Цементарница УСЈЕ не е главниот фактор за загаденоста на воздухот во Скопје. Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, вели-УСЈЕ работи во рамки на утврдените граници.
-
Македонија 02.01.2026 17:12
Обвинение против петмина директори и раководители во подружници на РЕК Битола
Наштимале тендер за пренос на погонски станици од рудникот „Осломеј“ иако знаеле дека опремата што треба да се монтира во РЕК Битола не одговара на потребите на Комбинатот.
-
Македонија 02.01.2026 16:44
Почина двегодишното дете, повредено на новогодишната ноќ
Почина двегодишното дете кое беше повредено за дочек на Нова година. Обвинителството нареди обдукција. Еден час по полноќ на Хируршките клиники било примено во животозагрозувачка состојба. Од Министерство за здравство велат, исходот бил трагичен како резултат на тешките повреди на мозокот.
-
Македонија 02.01.2026 16:18
Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Криви
-
Македонија 02.01.2026 15:12
Железничкиот сообраќај целосно нормализиран, проблемите надминати
Железничкиот сообраќај во државата од попладнево е нормализиран, откако е заокружена исплатата на ноемвриската плата и е надминат делумниот бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт.
-
Македонија 02.01.2026 14:55
Грипот зема замав, лекарите со апел да се избегнат компликациите
Грипот зема замав. Прославите и дружењата за новогодишните празници го зголемија бројот на заразени. Лекарите предупредуваат да се посетат матичните лекари за да се избегнат компликациите од грипот, односно суперинфекциите со бактериски причинител.
-
Македонија 02.01.2026 14:37
Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобѕирно управување на возило
Во периодот од 01.12.2025-31.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишана
-
Македонија 02.01.2026 14:03
Десет килограми кокаин откриени во автомобил, ОЈО Скопје поведе истрага
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беа откриени 10 килограми наркотична дрога кокаин со висока чистота, скриени во автомобил БМВ X5 со скопски регистарски ознаки.










