Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, во просториите на Владата.
-
Македонија 12.12.2022 13:02
-
Македонија 12.12.2022 12:33
Повторно анонимни дојави за бомби
За првпат дојава поставена бомба во МНР, комплекс зградите „Џевахир“ и ГТЦ. Веднаш по откриените мејлови за поставена бомба, дипломатите од зградата на МНР се евакуирани. Испратени беа екипи на МВР за проверка на дојавата за поставена бомба.
-
Македонија 12.12.2022 12:12
Продолжува потрагата по исчезнатото лице во Вардар
Продолжува потрагата по лицето кое вчера изутрината скокна во Вардар. Вклучени се и тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување. Тимот нуркачи од специјалната антитерористичка единица „Тигар“, поради временските услови вчера попладне ја прекина потрагата.
-
Македонија 12.12.2022 12:04
МВР: Одземени возила поради сомнение за фалсификат, пронајден пиштол, приведени четири лица
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север вчера од слобода лишиле четири лица, од кои тројца македонски и еден албански државјанин, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 12.12.2022 11:47
Предложени законски измени со кои се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти
Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14-ти декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието.
-
Македонија 12.12.2022 11:23
Маричиќ денес ги отвора за дискусија кластерите Внатрешен пазар и Конкурентност и инклузивен раст
Секретаријатот за европски прашања, денес, ја организира третата панел-дискусија на тема „Македонската економија е европска – мобилност, конкурентност, развој“ на која ќе се дискутираат клучните предизвици поврзани со Кластер 2, „Внатрешен пазар“ и Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.
-
Македонија 12.12.2022 11:08
Дојави за бомби во МНР, девет училишта, ГТЦ, Џевахир сити и Ист гејт
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.
-
Македонија 12.12.2022 10:58
МЗШВ: Историски најголем земјоделски буџет за 2023 година
Во услови на светска криза, со зголемен буџет за земјоделскиот сектор ја обезбедуваме сигурноста на населението дека храна ќе има доволно, преку зголемено производство.
-
Македонија 12.12.2022 10:49
Дојави за бомби во МНР, ГТЦ и неколку училишта
Преку електронска пошта, пристигнала дојава дека во Министерството за надворешни работи има поставено експлозивни направи. Известени се соодветните служби во МВР, по чии насоки зградата е веднаш евакуирана.
-
Македонија 12.12.2022 10:26
241 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач.










