Со положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и со културни и спортски манифестации, денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
-
Македонија 13.11.2022 08:50
-
Македонија 13.11.2022 08:39
Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
Денес со почеток во 16.30 часот, во организација на Атлетска федерација, ќе се одржи атлетска трка, поради што МВР најави посебен сообраќаен режим.
-
Македонија 13.11.2022 08:35
Променливо облачно, со појава на магла во котлините
Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните ќе преовладува посончево време.
-
Македонија 12.11.2022 18:12
Во Тетово се пробива булеварот „Благоја Тоска“
Не излегуваме од нашата куќа, вели семејството Рушити, откако вчера градоначалникот Биљал Касами, изјави дека во понеделник ќе се урне и последниот објект, каде треба да се пробие Булеварот Благоја Тоска.
-
Македонија 12.11.2022 17:34
Граѓанска контрола на превозниците преку платформата „е-транспорт“
Граѓаните во реално време ќе можат да извршат проверка каков тип лиценци и дозволи имаат превозниците и возилата што ги користат, дали возачот кој го врши транспортот има соодветен сертификат.
-
Македонија 12.11.2022 17:17
Владата ќе ги преиспитува околностите под кои украинскиот олигарх добил македонски пасош
По обелоденувањето на случајот со доделеното македонско државјанство на украинскиот олигарх со руско потекло, Олесандр Онишченко, Владата ќе испитува дали има други аспекти коишто требало да бидат земени предвид.
-
Македонија 12.11.2022 16:55
Османи за Законот за здруженија и фондации: Да не и се даваат дополнителни аргументи на Софија
На разгледување пред Венецијанската комисија ќе оди новиот Закон за здруженија и фондации којшто е во подготовка, а не измените коишто поминаа во Собранието, иницирани по формирањето на клубовите на здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.
-
Македонија 12.11.2022 16:36
Повлечени Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк
Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова информираше дека по реакциите во јавноста, донесена е одлука за повлекување на Предлог-измените на законот за студентски оброк. Критериумите ќе се усогласуваат со студентите.
-
Македонија 12.11.2022 14:19
Натепан лекар во ургентниот центар на ГОБ „8 Септември“
Натепан лекар во ургентниот центар на ГОБ „8 Септември“. Татко на пациентка сметал дека неговата ќерка требала да добие поинаков медицински третман, па прво вербално, а потоа и физички го нападнал дежурниот лекар. Од МВР го потврдија инцидентот што се случил на 25 октомври.
-
Македонија 12.11.2022 13:28
Се зголемува бројот на дивоградби на охридската ривиера
Активистите очекуваат нов поразителен извештај од УНЕСКО. Наместо да се намалува бројот на дивоградби на брегот на Охридското Езеро, расте. Велат, останаа два и пол месеци до истекот на рокот, но нема напредок, локалната и државната власт не ги спроведуваат препораките.










