Евроинтеграциите во фокусот на дискусиите на заедничката седница на Владите на Македонија и Албанија. Премиерите на двете земји ја истакнаа посветеноста на остварување на заедничката цел.
-
Македонија 14.11.2022 14:25
-
Македонија 14.11.2022 14:21
Агелер: Вашата земја и граѓаните направија повеќе од доволно за да ги отворат преговарачките процеси
Вашата земја и граѓаните направија повеќе од доволно за да ги отворат преговарачките процеси, а влегувањето во ЕУ, државата ќе ја направат по просперитетна и постабилна.
-
Македонија 14.11.2022 13:33
Во Луксембург започна билатералниот скрининг за поглавјето 18 - Статистика
Делегацијата на Република Северна Македонија, предводена од Заменик главниот преговарач Дрита Абдиу Халили, денес во Луксембург го започна билатералниот скрининг за поглавјето 18 - Статистика.
-
Македонија 14.11.2022 13:33
Децата со дијабетес сè уште чекаат апарати за безболно мерење гликемија
Децата со дијабетес пет години чекаат сензорни апарати за безболно мерење гликемија, родителите веруваат дека годинава ќе ги добијат со цел да имаат подобра гликемиска контрола, со што ќе се спречат компликациите. Родителите апаратите ги нарачувале од странство.
-
Македонија 14.11.2022 13:16
МРТ и ЗНМ потпишаа Меморандум за соработка
Новинарите, снимателите и останатите професионалци од МТВ кои сакаат да ги усовршуваат своите знаења четири пати во годината ќе учествуваат на обуки кои ги организира еснафското здружение. Ова го предвидува меморандумот за соработка потпишан меѓу ЗНМ и МТВ.
-
Македонија 14.11.2022 12:45
Лишено од слобода лице барано со потерница
Денеска во 11.20 часот на улица „Скупи“ во населбата Злокуќани во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(25) од Струмица, со место на живеење во с.Трубарево, скопско.
-
Македонија 14.11.2022 12:22
Вработена во центар за социјални работи фалсификувала исправи, поднесен предлог за казнен налог
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во Центарот за социјална работа – Кавадарци која се товари дека сторила кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 14.11.2022 12:19
Од утре постудено со повремен дожд и магла
Од вторник попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени, соопшти УХМР.
-
Македонија 14.11.2022 12:16
Во одвоени акции од слобода лишени десет лица кај кои е пронајдена марихуана
Десет лица се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, од кои девет во Скопје и едно во Тетово, откако кај нив полицијата пронашла и одзела марихуана или бела прашкаста материја.
-
Македонија 14.11.2022 12:14
Водата во Скопје безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење. Ова го покажа последното испитување на Секторот за санитарна контрола, направено на 204 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа на вода за пиење, земени од 52 мерни места, во период од 7 до 11 ноември.








