Првата антикорупционерка Ивановска за изборот на новиот шеф за гонење организиран криминал и корупција вели дека иако се даде шанса сите обвинители на демократски начин да гласаат сепак се заборавило на критериумите за квалитет на оценките што ги дава Советот на јавни обвинители и на програмата з
-
Македонија 09.11.2022 13:36
-
Македонија 09.11.2022 12:54
Изминатото деноноќие ЕСМ произведе 10.542 MWh електрична енергија
АД ЕСМ на 08.11.2022 година произведе 10.542 MWh електрична енергија.
Во Термоелектраните произведени се 7.919 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк, Богданци, произведени се 2.623 MWh.
Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 2.400 MWh електрична енергија, соопшти Владата.
-
Македонија 09.11.2022 12:11
Средба Османи-Ландсбергис
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, во рамки на регионалната посета на Балтичките земји, оствари средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис.
-
Македонија 09.11.2022 11:00
Тупанчески: Стратешки приоритет на Владата е борбата против криминалот и корупцијата
Борбата против криминалот и корупцијата претставува еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Министерот за правда Никола Тупанчески во своето обраќање на настанот.
-
Македонија 09.11.2022 10:55
МВР: 227 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи.
-
Македонија 09.11.2022 10:49
Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје
Две средни скопски училишта повторно на електронска пошта добиле дојава за поставени бомби.
Според МВР дојави за поставени бомби добиле училиштата, гимназијата Јосип Броз Тито и поштенското средно училиште ПТТ Владо Тасевски.
-
Македонија 09.11.2022 10:34
Фотоволтаици на четири средни училишта
Четири средни училишта во Куманово до крајот на годината треба да добијат фотоволтаици. Средствата ги обезбеди Општина Куманово.
-
Македонија 09.11.2022 10:24
Ангелов: Пронајдениот планинар не дава знаци на живот
Планинарот по кој се трагаше од синоќа, откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв е пронајден во провалија.
-
Македонија 09.11.2022 08:50
Уставниот суд ќе разгледува три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 35-та седница на чиј дневен ред се три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.
-
Македонија 09.11.2022 08:38
Сончево со мала до умерена облачност, претпладне во котлините магла
Денеска во Македонија претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени, а дневната од 15 до 20 степени.










