На пленарката за пратенички прашања тензично. Директни напади и обвинувања кој е дезертер и пион, а кој шпион и лопов.
-
Македонија 29.09.2022 14:31
-
Македонија 29.09.2022 14:26
Се бележи пораст на срцеви заболувања кај популацијата под 40 години
Во пораст срцевите заболувања кај популацијата под 40 години. Лекарите велат – превенцијата е еден главните приоритети, потребно е навремено дијагностицирање и препознавање на кардиоваскуларните заболувања.
-
Македонија 29.09.2022 14:21
Регистрирани нови 105 случаи на Ковид-19, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.
-
Македонија 29.09.2022 14:09
Тешка борба против корупцијата во државата
Борбата против корупцијата во пракса е ретко видлива и таа е само теоретска, а оваа општествена болест е навлезена во секој сегмент.
-
Македонија 29.09.2022 13:48
Продолжува потрагата по возачот на возилото кое излета во Вардар
Со кучиња трагачи и специјална единица нуркачи се трага по 22 годишното момче од Куманово, кое во вторникот со возилото заврши во водите на Вардар кај село Желино. Освен екипи на надлежните институции, од двете страни на реката Вардар телото го бараат семејството и пријателите на момчето
-
Македонија 29.09.2022 13:35
Утре на пленарна, кризната состојба со струјата и парното
Фото финиш за мерките за справување со енергетската криза. Гласањето за законите за кризната состојба со струјата и со парното во Скопје пред пратениците ќе се најдат на пленарна седница во петок. Тогаш е и последниот рок за нивно гласање, образложи собранискиот спикер, Талат Џафери.
-
Македонија 29.09.2022 12:41
Заменик градоначалничката на Град Скопје поднесе оставка
Заменик градоначалничката на Скопје, Бујаре Абази од Алијанса за Албанците, поднесе оставка. Арсовска ја именува за своја заменичка по изборот на Абази за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021-та година.
-
Македонија 29.09.2022 10:35
Струшката гимназија ги исклучува смарт таблите и компјутерите, ќе штеди струја
Дигиталната технологија, компјутерите и паметните табли оваа учебна година нема да бидат во употреба. Ова е дел од планот за штедење на електрична енергија во струшката гимназија. Тие ќе се вклучуваат ретко, само кога ќе донесат одлука наставниците, дека се неопходни во образовниот процес.
-
Македонија 29.09.2022 09:30
МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.09.2022 година (четврток) започнува етапната исплата на пензиите за м.септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
-
Македонија 29.09.2022 09:21
Во Собрание седница за пратенички прашања
Во Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања.
Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.










