Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 05.06.2022 09:35
-
Македонија 05.06.2022 09:25
Велес доби 15 негуватели, за чиј ангажман постои голем интерес
Училиштата се празнат, старечките домови се полнат. Одлевањето на младата популација, ги остави нивните родители сами и во староста без грижа. Во недостаток на старечки дом во Велес, Општинскиот црвен крст, едуцираше 15 лица за негуватели. За нив постои голем интерес во градот.
-
Македонија 05.06.2022 09:20
Последиците од поплавите во Тетово сè уште нерешени
По невремето кое го зафати Тетово, луѓето работно ја креваат песокта и земјата која ги донесе поплавата. После секој пороен дожд е вака велат. Чистиме сами, а властите никаде ги нема да извршат дезинфекција во поплавените мала.
-
Македонија 04.06.2022 18:54
Мисовски избран за претседател на НСДП
Денес, во Скопје се одржа Петтиот Конгрес на НСДП на кој присуствуваа 426 делегати од вкупно 493.
За нов претседател на НСДП е избран Горан Мисовски.
Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња.
-
Македонија 04.06.2022 18:36
Малите производители на пиво бараат законски олеснувања
Доколку се олеснат законските регулативи за производителите на занаетчиско или таканаречено крафт пиво, ќе заживее цела една дејност која има потенцијал за развој, велат производителите кои денес го претставија своето пиво на крафт фестивалот во Штип.
-
Македонија 04.06.2022 18:26
Земјите од регионот очекуваат позитивен исход од дијалогот со ЕУ
Нашата држава и Албанија што поскоро треба да ги започнат преговорите за членство со ЕУ, Црна Гора и Србија треба да ги продолжат преговорите, додека Косово треба да добие визна либерализација, а Босна и Херцеговина кандидатски статус.
-
Македонија 04.06.2022 16:39
Генчовска го посети опожарениот бугарски клуб во Битола
Изутринава во Битола опожарен бугарскиот културен центар Иван Михајлов. Немил настан кој се поклопи со работната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.
-
Македонија 04.06.2022 16:08
НСДП избира нов претседател, кавги и тензија меѓу делегатите
Тензично и со жестока реторика на конгресот за избор на нов претседател на НСДП со единствен кандидат Горан Мисовски. Делегатите поделени.
-
Македонија 04.06.2022 15:39
Повици за тргање на ветото и за одговори за резолуцијата
Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство, затоа бараме Бугарија да не го попречува патот. ВМРО-ДПМНЕ со повик до источниот сосед за разумни одлуки на претстојниот јунски самит.
-
Македонија 04.06.2022 14:47
Османи со осуда за палењето на влезот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска изјави дека најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.










