„Зелените ленти“ овозможуваат непречен проток на стока и се клучни за зајакнување на конкурентноста на компаниите и за градење доверба меѓу соседите. Наша заедничка одговорност е добрите концепти да ги претвориме во целосно функционални системи во пракса.
-
Македонија 18.12.2025 10:40
-
Македонија 18.12.2025 10:05
Мицкоски: Да бидеме оценувани според постигнувањата, а не според билатералните прашања
„Да бидеме оценувани според постигнувањата, а не според билатералните прашања“ – порача премиерот Мицкоски од Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан. Посочи дека нашата држава одамна заслужила да биде дел од европското семејство.
-
Македонија 18.12.2025 10:02
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе го посети затворот „Идризово“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети КПД „Идризово“ во Скопје и ќе се сретне со директорот на затворот Зоран Јовановски.
Сиљановска-Давкова ќе ја посети и работилницата (шивална), што функционира во рамки на женското одделение во затворот.
-
Македонија 18.12.2025 09:40
Намалена видливост на патниот правец Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози.
-
Македонија 18.12.2025 09:08
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт денеска ќе остварат работна средба со Јаневска
Членовите на собраниската Комисијата за образование, наука и спорт денеска ќе остварат работна средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-
Македонија 18.12.2025 08:49
Конференција „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје денеска ќе се одржи конференција на тема: „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“.
-
Македонија 18.12.2025 08:35
Советот на јавни обвинители ќе назначи в.д. на местото на Коцевски
Советот на јавни обвинители денеска ќе го потполни местото на Коцевски. Ќе се бира вршител на функцијата државен обвинител од редот на обвинителите во државното Јавно обвинителството. Со констатирање на оставката на Љупчо Коцевски започнува процедурата за избор на неговиот наследник.
-
Македонија 18.12.2025 08:21
Променливо облачно со појава на магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
-
Македонија 17.12.2025 21:02
Андоновски: Над 40 институции го користат националниот Документ менаџмент систем
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во денешната изјава за медиумите истакна дека повеќе од 40 институции го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), како дел од процесот на дигитализација на институциите и општините и унапредување на квалитетот на јавните услу
-
Македонија 17.12.2025 20:23
МЖСПП стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk.








