„На 18 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем народен протест“ – одлука на седницата на извршниот комитет. Од партијата велат дека молкот не опција и оти на овој чекор се принудени поради тоа што власта не сака дијалог.
-
Македонија 16.05.2022 22:57
-
Македонија 16.05.2022 20:44
Шаќири на Интеруниверзитетска конференција
Поддршката што универзитетите ја имаат од Министерството не само што ќе продолжи, туку и ќе се унапредува. Високото образование, науката, се чести теми на владините седници, затоа што нашите заложби за забрзан развој ги темелиме на вложување во човечки ресурси.
-
Македонија 16.05.2022 17:52
Ковачевски: Дигитализацијата приоритет за подобар квалитет на живот
Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со дел од членовите на одборот на директори на организацијата „Македонија2025“, Мајк Зафировски, Васко Кроневски, Кати Ицева како и со извршната директорка Никица Мојсоска Блажевски.
-
Македонија 16.05.2022 17:47
Маричиќ: Со Јадранско-јонската иницијатива политички и економски го јакнеме регионот
На заедничкиот Министерски состанок, министрите задолжени за фондовите на ЕУ, членките на ЕУСАИР и министрите одговорни за ЕУ, на кој очествуваше Маричиќ, беа разменети добри практики, беше споделена политичката визија и насоката на спроведувањето на ЕУСАИР, како и приоритетите за реализација во
-
Македонија 16.05.2022 17:28
Ковачевски – Столтенберг: Отворени врати за нови членки во НАТО е вредност која треба да се продолжи
Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во кој ја изрази неговата поддршка и поддршката на Владата на Република Северна Македонија за покажаното лидерство и продолжувањето на мандатот на генералниот секретар во овие исклучи
-
Македонија 16.05.2022 17:25
Средба Грковска – Брнз
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.
-
Македонија 16.05.2022 15:47
Со заем ќе се градат депонии
Идниот месец се очекува да завршат сите процедури и земјава да го добие заемот од 55 милиони евра од Европската Банка за обнова и развој. Со овие пари, Македонија ќе изгради регионални депонии, кои треба да бидат спас и решение за дивите депонии и ѓубришта.
-
Македонија 16.05.2022 14:59
Се бара решение за пост- ковид пациентите
Сè уште не се знае каде ќе се лекуваат пост-ковид пациенти. Дали на една клиника или на повеќе оддели на различни клиники.
Се бара решение, вели министерот за здравство. Паралелно, медицински тим веќе прави симулација за справување со потенцијален петти бран на коронавирус.
-
Македонија 16.05.2022 14:54
СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА
Соборот на СПЦ денес издаде соопштение со кое за МПЦ го прифаќа статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.
-
Македонија 16.05.2022 14:39
Османи од Брисел: Заедно сме посилни во осудата и солидарноста со Украина
Европските шефови на дипломатиите ги поканија министрите за надворешни работи од Западниот Балкан на состанок во Брисел за заеднички одговор на Руската агресија врз Украина, но и за европската перспектива на регионот.









