Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“, Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71-та седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 11.05.2022 20:15
-
Македонија 11.05.2022 20:05
Ковачевски и лидерите на Западен Балкан на неформална средба со Борел во Брисел
Белгија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО и во другите меѓународни организации и силен поддржувач на нашата интеграција во ЕУ, оценил премиерот Ковачевски на средбата со домаќинот од Кралството Белгија Александар де Кро, во рамките на својата работна посета на Брисел.
-
Македонија 11.05.2022 19:28
Петков: Иднината на Северна Македонија и Албанија треба да биде во ЕУ
Бугарскиот премиер Петков смета дека Македонија и Албанија треба да станат членки на Европската Унија.
-
Македонија 11.05.2022 19:11
Османи учествуваше на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС
Министерот за надворешни работи Османи, денес учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Маракеш, Мароко. Овој претставува прв состанок на Коалицијата одржан во Африка.
-
Македонија 11.05.2022 17:48
Нема договор меѓу МОН и СОНК, нова средба в петок
Нема договор меѓу МОН и СОНК. Во отсуство на јавноста страните, во вторите десет дена од посредувањето се единствено согласни во едно. Повторно ќе се сретнат в петок. Платите и натаму главен предизвик за преговарачите. Викторија Милевска известува за преговорите меѓу МОН и СОНК.
-
Македонија 11.05.2022 17:45
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активната блокада
Дневниот ред е предметот на активната блокада на Собранието. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја критикува речиси секоја точка поставена на седницата за која мора да се гласа посебно. И Алијанса на Села реши да ги блокира предлозите на ДУИ во законодавниот дом. Миле Ристески известува од Собранието.
-
Македонија 11.05.2022 17:32
Ковачевски - Де Кро: Неопходно е брзо решение со Бугарија и старт на преговорите
Премиерот Ковачевски денеска се сретна со премиерот на Кралството Белгија Александар де Кро, во рамките на својата работна посета на Брисел.
-
Македонија 11.05.2022 17:17
Антикорупциската комисија отвори предмет против Коста Петров
Антикорупциската комисија отвори предмет против поранешниот директор на Фондот за иновации, Коста Петров, а во врска со доделени средства за издавачка куќа која се јавува како издавач на неговите книги.
-
Македонија 11.05.2022 16:36
Османи: Членството во ЕУ е од суштинска важност за европската безбедност
Политиката на проширување на ЕУ е безбедносно прашање и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за европската безбедност, став на министерот за надворешни Османи по средбата со потсекретарот за политички прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд.
-
Македонија 11.05.2022 16:00
Маричиќ-Данци: Швајцарска донаторска помош е директна поддршка на европските реформи
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со Патрициа Данци, генерална директорка на Швајцарската агенција за развој и соработка, придружувана од Вероник Улман Марти, амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија.








