Не сме непријатели, туку само политички противници, не сме непријатели на Македонија, посочува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментирајќи ги последните случувања на политичката сцена.
-
Македонија 12.05.2022 15:14
-
Македонија 12.05.2022 15:01
На Криволак воена вежба „Брз одговор 22“
Прв воздушен десант на НАТО на полигонот Криволак. На вежбата „Брз одговор 22“ учествуваат 4.600 припадници од 8 сојузнички армии, кои извршија воздушно-десантни операции за зголемување на подготвеноста на силите на Алијансата за справување со безбедносни предизвици.
-
Македонија 12.05.2022 15:00
Европската комисија повика на конструктивен дијалог во Собранието
Европската комисија ги повикува сите партии во Собранието да се однесуваат конструктивно – став на официјален Брисел по стартот на опозициската активна блокада на Законодавниот дом за да издејствува предвремени парламентарни избори. Унијата повика сите сили активно да работат на реформите.
-
Македонија 12.05.2022 14:51
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
Пропаднаа блокадите на опозицијата Собранието, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува, велат од СДСМ. Заедно со институциите, и со граѓаните, нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад, вели координаторот на СДСМ.
-
Македонија 12.05.2022 14:39
„Младите ја преземаат Владата“
Регионална соработка и помирување, ментално здравје, климатски промени – за овие прашања и областите, идните носители на политики им понудија решенија на премиерот и на министрите, на настан симболично наречен „Младите ја преземаат Владата“.
-
Македонија 12.05.2022 14:00
Претседателот Пендаровски присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“ на Криволак
Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“, која се реализира од втори до дваесетти мај на армискиот полигон „Криволак“, а чиј домаќин е Република Северна Македонија.
-
Македонија 12.05.2022 13:28
Маричиќ - Трпески: Зајакната соработка за теоретско и практично знаење е од интерес на евроинтеграцискиот процес
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања беше потпишан нов Меморандум за соработка помеѓу Секретаријатот и Економскиот факултет во Скопје, од страна на заменик претседателот на Владата, Бојан Маричиќ и деканот на економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески.
-
Македонија 12.05.2022 13:18
Александар Стојковски е новиот вршител на должност Директор во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје
Александар Стојковски е новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).
-
Македонија 12.05.2022 13:12
93 нови случаи на Ковид-19
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
-
Македонија 12.05.2022 12:56
Конференција по повод Светскиот ден на укажувачите
Укажувачите, како и заштитените сведоци, истражувачите новинари и невладините се оние кои најчесто помагаат за откривање тешки злоупотреби.










