Изводи сè уште не се издаваат. Околу 500 вработени во Управата за водење на матични книги сè уште штрајкуваат и се надеваат дека надлежните ќе најдат решение за нивните проблеми.
-
Македонија 03.05.2022 13:48
-
Македонија 03.05.2022 13:39
Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
150 години од смртта на Гоце Делчев – Животот и делото на апостолот и срцето на револуционерна Македонија. Разговараме со Наташа Котлар –Трајкова, редовен професор, Институт за национална историја – Скопје.
-
Македонија 03.05.2022 13:34
21 нов случај со Ковид-19, починати две лица
Во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19 во Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции. Регистриран e 71 оздравен пациент.
-
Македонија 03.05.2022 13:34
Штип им оддаде почит на Двојаковски и Петров кои загинаа во воениот конфликт кај Ваксинце
Штип им оддаде почит на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров кои на денешен дена загинаа во Ваксинце во заседа од терористите на УЧК.
И по повеќе од две децении болката кај најблиските е голема.
-
Македонија 03.05.2022 13:11
Формиран клуб за бугарско-македонско пријателство
Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат. Да се создаде активно граѓанско општество со претставници од двете земји кои ќе работат на зближување врз основа на европските вредности-велат основачите на бугарско историскиот клуб.
-
Македонија 03.05.2022 12:58
Оптимизам за старт на преговорите во јуни
Крајно време е Северна Македонија и Албанија да почнат преговори за време на француското претседавање, истакна шефот на литванската дипломатија Ландсбергис во Скопје. Посочи дека земјите-членки на ЕУ не смеат да додаваат дополнителни услови за преговори.
-
Македонија 03.05.2022 12:29
Обвинителството направи увид на местото на сообраќајната незгода меѓу два автобуса во Прилеп
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу два автобуса.
-
Македонија 03.05.2022 12:11
Тренчевска: Социјалната заштита е високо на нашата агенда, грижата за граѓаните е наш приоритет
Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претседателот на „Банка за храна“ Душко Христов. На средбата се разговараше за предлог Законот за донирање на вишок храна од страна на претседателот до Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 03.05.2022 11:47
Патниците од автобусот во сообраќајката во Прилеп се со лесни повреди
Нема пациенти со тешки повреди ниту е загрозено нивното здравје.
-
Македонија 03.05.2022 11:44
Силна поддршка од САД за регионалните економско-енергетски иницијативи
Премиерот Димитар Ковачевски во пресрет на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, оствари средба со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, како и со амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз.









