• Македонија 29.04.2022 17:34

    Османи: Топката не е веќе во нашиот двор туку е во Софија

    Остануваат уште две недели можност да се постигне договор меѓу Скопје и Софија и да се отстрани пречката на патот на нашите евроинтеграции, вели шефот на дипломатијата Османи. Според него, преку петте работни групи се работи на подобрувањето на односите со Бугарија.

  • Македонија 29.04.2022 16:24

    Отчет за сработеното во првите 100 дена

    Точно дека притисокот е голем, но оваа Влада може да се носи со предизвиците, ги штитиме граѓаните и нивните интереси, рече премиерот Ковачевски во отчетот за 100 дена Влада. Во приоритетите, на прво место-животниот стандард, одржливиот економски раст, но и зголемување на инвестициите.

  • Македонија 29.04.2022 16:08

    На голем петок во манастирот „Свети Архангел Михаил“

    На Источен, Голем петок, прв по Велигден, на Варош под Марковите кули и во манастирот „Свети Архангел Михаил“. Бројни верници и посетители стигнаа да се помолат за здравје и радост, да земат вода од лековитиот извор. Традициите и верувањата остануваат.

  • Македонија 29.04.2022 16:02

    Врховен суд го отфрли барањето на Груевски

    Врховен го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски, поднесено преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Кривичниот суд и пресудата на Апелацискиот суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар“.

  • Македонија 29.04.2022 15:35

    Протест на земјоделците од Меџитлија

    Незадоволни од односот по распределбата под концесија на државното земјоделско земјиште, земјоделците од пограничното пелагониско село Меџитлија два часа со механизација ја блокираа дел од едната лента на меѓународниот пат во непосредна близина на граничниот премин.

  • Македонија 29.04.2022 15:06

    Штрајкот на СОНК во мирување, наставата продолжува

    Адвокатскиот тим на СОНК правно го образложи процесот за мирно решавање на работните спорови, со кој е назначен медијатор меѓу Синдикатот и Министерството за образование, а штрајкот e ставен во мирување.

  • Македонија 29.04.2022 14:46

    ССМ на 1-ви мај излегува на протест

    Сите работници масовно да излезат на протестот на 1-ви мај за да ја покажеме неопходната потреба од зголемување на платите, рече првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски во пресрет на одбележувањето на денот на трудот.

  • Македонија 29.04.2022 14:21

    Џафери: Собранието треба да донесе документ за дефинирање на состојбите во Укриана

    Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО и ЕУ за финансиска и воена помош на Украина. Ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на земјата по завршувањето на оваа бесмислена војна, рече претседателот на собранието, Талат Џафери по посетата на Украина.

  • Македонија 29.04.2022 13:31

    Мицкоски: Македонија се држи во заложништво

    Оваа влада смислено ги слабее капацитетите на институциите. Македонија се држи во заложништво, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, по одбивањето на премиерот Ковачевски за средба за предвремени избори.

  • Македонија 29.04.2022 13:19

    Транзиција кон зелена енергија и стабилно и трајно снабдување со енергенси

    Премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада, во сесијата прашања и одговори се осврна на еден од приоритетите во изминатиот период односно на инвестициите во нови капацитети за производство на електрична енергија од чиста зелена енергија.

Pages