Градоначалникот на Општина Центар, веднаш по добивањето на информацијата за пожарот кај поранешната фабрика Треска, излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на истиот, информираат од општината.
-
Македонија 14.04.2022 16:58
-
Македонија 14.04.2022 16:31
Локализиран пожарот во поранешната фабрика „Треска“
Голем црн чад на центарот на Скопје. Локализиран пожарот кој попладнево избувна во поранешната фабрика „Треска“. Интервенираа повеќе екипи на противпожарната бригада. Граѓани велат дека се слушнала и експлозија.
-
Македонија 14.04.2022 16:21
Што ќе гледате во петок во „Македонија наутро“?
Нова одлука на Министерството за економија. Граѓаните ќе можат да купат масло само во ограничено количество. Нема веќе купување цели пакети, односно нема да може да се складираат резерви - сончогледовото масло ќе се купува по едно или неколку шишиња.
-
Македонија 14.04.2022 16:05
Маричиќ: Евроинтеграцискиот процес значи забрзување на реформите и економски развој
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес се обрати на економскиот форум на Фајнанс Тинк, истакнувајќи ја важноста на реформите и придобивките од процесот на европска интеграција на земјава, со фокус на економијата и економскиот развој.
-
Македонија 14.04.2022 15:50
142 нови случаи со Ковид-19, починати четири лица
Во последните 24 часа направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и Прилеп – по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово – по 1.
-
Македонија 14.04.2022 15:45
Средба Пендаровски - Ауреску
Претседателот Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, кој е во работна посета на земјава.
-
Македонија 14.04.2022 15:31
Нема повредени во пожарот кај Треска, се евакуираат жителите од околните објекти
Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на поранешната фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
-
Македонија 14.04.2022 15:19
Петровска во Косово: Зацврстување на безбедноста во регионот
Министерката за одбрана Славјанка Петовска, денес во еднодневна работна посета на Косово. Северна Македонија како членка на НАТО е целосно посветена на зацврстување на безбедноста во регионот со учество во мисијата КФОР на Косово, истакнала министерката за одбра
-
Македонија 14.04.2022 15:10
Шаќири: Да ги вратиме учениците во училишните клупи, повисоки плати ќе има
Просветните работници наместо бараното покачување, добија писмо од министерот за образование Шаќири да го прекинат генералниот штрајк. Вели мора учениците веднаш да се вратат во училиштата затоа што губат премногу настава.
-
Македонија 14.04.2022 14:59
Власта и опозицијата со различни ставови за штрајкот во образованието
Власта и опозицијата со различни ставови за штрајкот во образованието. По првата средба меѓу ресорното министерство и раководството на СОНК, ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта се служи со притисоци само за да не ги зголеми платите на наставниот кадар, кои како што велат, се под секое ниво.








