Денеска во периодот од 7 до 12 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што санкционирани се 169 возачи.
-
Македонија 28.03.2022 15:54
-
Македонија 28.03.2022 15:53
Османи на средба со германскиот министер Холтхоф-Фертнер
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер.
-
Македонија 28.03.2022 15:43
Ковачевски: Одложувањето на пристапниот процес може да создаде нестабилност
Во Софија се одржа состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. Сунчица Николовска се јавува од Софија.
-
Македонија 28.03.2022 15:27
Маричиќ- Лудва: Почетокот на пристапните преговори е висок приоритет на чешкото претседателство
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва и заменик амбасадорот Лубомир Пшенка, на која беше разговарано за односите меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на земјава, реформите што се спроведуваат, состојбите в
-
Македонија 28.03.2022 15:06
Армијата- три децении гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет
30 години од формирањето, современата Македонска армија помина низ трансформација во модерна сила, членка на НАТО и гарант на државната сувереност и територијален интегритет, но и за светската безбедност со учество во мировните мисии.
-
Македонија 28.03.2022 15:02
Голем број пожари на отворено, авионите за гаснење сè уште не се во функција
Невообичаено голем број на пожари на отворено. Од почетокот на март до сега 140. Пеплосана стара борова шума, листопадни дрвја, но и овоштарници во ресенско. Најчест виновник, според надлежните се несовесните граѓани кои палат пасишта и стрништа иако тоа не е законски.
-
Македонија 28.03.2022 14:44
Отворена правна клиника на Универзитетот во Тетово за практична обука на идните правници
Младите се наша надеж, а вложувањето во нивното знаење за вистинско спроведување на правото во праска, ќе ни донесе мир и стабилност, порача Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс.
-
Македонија 28.03.2022 14:02
Нови 48 случаи со Ковид -19, двајца починати и 253 оздравени пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1… Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.
-
Македонија 28.03.2022 12:22
Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата
Македонското Министерство за надворешни работи прогласи петмина руски дипломати за персона нон грата.
Според МНР, дипломатите извршувале активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и тие ќе треба да напуштат територијата на државава во рок од пет дена.
-
Македонија 28.03.2022 12:00
Талат Џафери на Конференција на спикери на парламенти на ЕУ во Брдо кај Крањ
Претседателот на собранието Талат Џафери денеска и утре учествува на Конференцијата на спикери на парламенти на Европската унија во Брдо кај Крањ.








