„Во Република Северна Македонија нема никаква криза со горива, со бензин, дизел и со други горива затоа што ние имаме непречено снабдување со нафтени деривати кое доминантно се одвива преку Грција“, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во телевизиско интервју.
-
Македонија 04.03.2022 10:25
-
Македонија 04.03.2022 10:16
ВМРО-ДПМНЕ: Власта иако знаела за војната, не набавила ниту пченица, ниту гориво на време
Власта иако знаеле за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време, затоа сега ќе има редици пред маркетите и бензинските, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 04.03.2022 10:11
Џафери во посета на Косово
Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери во посета на Косово. Во приштина на средба со неговиот домаќин Глаук Коњуфца.
Теми на дијалогот меѓупарламентарната соработка, состојбата во регионот, но и можното влијание на руско- украинскиот воен конфликт.
-
Македонија 04.03.2022 10:07
Вонреден состанок Северноатлантскиот совет на НАТО за Украина
Во Брисел вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи. Македонија ја претставува шефот на дипломатијата Османи.
-
Македонија 04.03.2022 09:53
Казнети 320 возачи за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 320 возачи.
-
Македонија 04.03.2022 09:52
Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени
Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, информираат од владината прес- служба.
-
Македонија 04.03.2022 09:40
„Монструм“ пред Апелација
Во скопска Апелација јавна седница за случајот Монструм. Повисокиот суд ќе одлучува за жалбите на одбраната по што ќе донесе пресуда. Претходно, Кривичниот суд пресуда донесе лани во февруари.
-
Македонија 04.03.2022 09:22
МВР: 158 сообраќајни прекршоци во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 04.03.2022 08:22
Изгласана Декларација за поддршка на Украина
Пратениците во Собранието вчера со 104 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ ја усвоија Потребата од донесување Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
-
Македонија 03.03.2022 16:34
Османи во Брисел на итен состанок со Министрите за надворешни работи на НАТО
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес патува за Брисел каде ќе учествува на вонреден состанок на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата, информраат од МНР.










