Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата 52.436 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид- 19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица, соопштуваат од Министерството за здравство.
-
Македонија 12.11.2021 14:06
-
Македонија 12.11.2021 14:02
ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, СДСМ смета дека не се потребни
Со 59 пратеници плус еден киднапиран пратеник, владата нема мнозинство во Собранието, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Затоа излезот од кризата е распишување на предвремени парламентарни избори, велат од опозицијата.
-
Македонија 12.11.2021 12:49
Интересот за вакцинација против сезонски грип е голем, нема метеж на пунктовите
Без гужви и метежи на вакциналните пунктови тече имунизацијата против сезонскиот грип. Граѓаните го почитуваат закажаниот термин што го добија преку „вакцинација.мк“. Интересот и годинава е голем, досега се пријавиле 26.000 граѓани.
-
Македонија 12.11.2021 12:42
Опозицијата не успеа да изгласа недоверба на Владата
Владата на СДСМ и ДУИ останува откако во парламентот пропадна иницијативата на опозициските партии да се гласа за недоверба на извршната власт.
-
Македонија 12.11.2021 12:36
Нема нови рестриктивни мерки, да се почитуваат актуелните
Почитување на постоечките мерки, носење маска, дистанца и зголемување на вакциналниот опфат, препорача Комисијата за заразни болести.
Од страна на тимот на комисијата, епидемиолошката слика била оценета како стабилна и затоа одлучиле дека нема потреба од нови рестриктивни мерки.
-
Македонија 12.11.2021 11:04
Пожарот во Блок 3 на РЕК Битола предизвикан од висок напон
Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, соопштуваат од АД ЕСМ.
-
Македонија 12.11.2021 10:03
Финишира процесот за целосна воена интеграција во НАТО
Северна Македонија го завршува процесот за целосна воена интеграција во НАТО алијансата. Процесот на целосна воена интеграција почна по пристапувањето во НАТО. Во номеври 2020 се одржа првата годишна конференција за интеграција, а во јуни годинава и втората.
-
Македонија 12.11.2021 09:46
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
Од утрово на вакциналните пунктови во здравствените домови почна имунизацијата против сезонски грип. Според здравствените власти, обезбедени се 40 илјади дози вакцина, наменети за ризичните категории граѓани и ќе се аплицираат бесплатно.
-
Македонија 12.11.2021 09:44
Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19
Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со Ковид-19 во државава.
-
Македонија 12.11.2021 09:21
Владата останува, опозицијата бара брзи предвремени избори
Во Собранието синоќа пред полноќ не помина иницијативата од страна на опозицијата за гласање доверба на Владата.









