Во велешка болница се хоспитализираат и пациенти од Свети Николе. Последните седмици постојан е бројот на смртни случаи во велешко, на лица позитивни на Ковид-19. За изминатите три дена има шестмина починати, за година и половина достигна до 232 лице.
-
Македонија 08.11.2021 15:10
-
Македонија 08.11.2021 15:01
Поднесена иницијатива за гласање доверба на Владата
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе иницијатива за доверба на Владата. Поддржана е од 61 пратеник, изјави потпретседателот на партијата и пратеник, Александар Николоски. Покрај ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, потпис ставен и од Алијанса и Алтернатива, Беса и Левица.
-
Македонија 08.11.2021 14:45
Шилегов ѝ ја предаде должноста на Арсовска
Досегашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов ѝ ја предаде функцијата на новоизбраната градоначалничка Данела Арсовска. По средбата изјава даде само Шилегов, кој нагласи дека оставил професионален тим што ќе помогне во работата на новата градоначалничка.
-
Македонија 08.11.2021 14:35
Ќе расте ли цената на огревното дрво?
Ќе оди ли во нагорна линија цената на огревното дрво по најавите за поскапување на струјата, но и можната енергетска криза во земјава. Од шумско стопанство „Беласица“ велат дека цената ја одредува владата, таму се носат одлуките по колку пари да се продава огревното дрво.
-
Македонија 08.11.2021 13:13
Кривични пријави за набавка на медицински средства
Обвинителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против три лица- организацискиот директор на Клиниката за токсикологија, управителот на правното лице Уни-медикал од Скопје, и вработен во Агенцијата за лекови, поради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба
-
Македонија 08.11.2021 12:39
Џолев избран за в.д. претседател на Кривичен суд
Судскиот совет едногласно го избра досегашниот претседател на Oсновен кривичен суд- Скопје, Иван Џолев, за вршител на должноста, претседател на судот.
-
Македонија 08.11.2021 12:29
Се чекаат следните чекори на власта и опозицијата по најавата за ново мнозинство
Во Собранието до пладне премиерот Зоран Заев не достави оставка, а доколку тоа не се случи, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, до 14:30 часот тие ќе поднесат иницијатива за гласање на недоверба на Владата.
-
Македонија 08.11.2021 11:53
Клиниката за гастроентерохепатологија воведува нова процедура за третман на заболување на хранопровод
На Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денес за прв пат беа изведени три интервенции на Радиофреквентна аблација кај пациенти кои страдаат од Баретов езофагус.
-
Македонија 08.11.2021 10:58
Две дози вакцина против Ковид-19 досега примиле над 780 илјади граѓани
Во четвртокот, петокот и во текот на викендот аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина.
-
Македонија 08.11.2021 10:28
Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици, запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра
Вчера околу 20 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран










