До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.
-
Македонија 09.09.2021 09:21
-
Македонија 09.09.2021 08:52
14 починати во пожарот во модуларната болница во Тетово, увидот продолжува
Издадена е наредба за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово, информираат утрово од Јавното обвинителство. Се испитува дали има и други починати лица.
-
Македонија 09.09.2021 08:32
Вонредна седница во Владата за пожарот во Тетово
За 10 часот е закажана итна и вонредна седница на Владата за пожарот во кој синоќа целосно изгоре ковид центарот во Тетово. Од Владата информираа дека во тек е детална истрага за пожарот.
-
Македонија 08.09.2021 22:36
Изгаснат е пожарот во модуларната болница во Тетово, има повеќе повредени и починати лица
Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Министерот за здравство Венко Филипче, кој итно се упати во Тетово, на Твитер соопшти дека има повредени и починати лица.
-
Македонија 08.09.2021 21:33
Пораки за просперитет и сплотеност од државниот врв за Денот на независноста
Гласот за суверена и самостојна Македонија беше глас на човековото достоинство за сопствена иднина, рече претседателот Пендаровски по повод прославата на третиот Илинден, Денот на македонската независност - 8 Септември.
-
Македонија 08.09.2021 21:00
702 нови случаи со Ковид-19, 24 починати
Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се 702 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе – 14, Радовиш -13, Струга –
-
Македонија 08.09.2021 17:03
СДСМ и уште 20 партии потпишаа Договор за заеднички настап нa локалните избори
СДСМ и уште 20 партии потпишаа Договор за заеднички настап на претстојните локални избори. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата изјави дека дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.
-
Македонија 08.09.2021 16:54
Дефиле, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси- дел од програмата за 30 години независност
Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред Собранието во 17:15 часот со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови“ од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на овој значаен јубилеј.
-
Македонија 08.09.2021 16:44
80-годишниот Ѓорѓи Кузмановски извозе 120 километри на велосипед во чест на независноста
Има речиси 80 години и безвременска желба да истрае. Пријателите го знаат како „Ѓоко на тркала“. Ѓорѓи Кузмановски цел живот е со велосипедот, со моторите и со трките, а веќе 11 години е посветен на потфат. Да ја извози турата за Денот на независноста.
-
Македонија 08.09.2021 16:06
Состојбата со Ковид-19 во Тетово под контрола
Во Клиничката болница во Тетово за изминативе 24 часа нема починат. Намалени се амбулантските прегледи, 132 за еден ден. Голем дел од нив на доктор се јавиле во рана фаза на болеста и само седуммина се примени како нови пациенти со полесни симптоми.








