Слабите врнежи од дожд, влажниот воздух и вчерашната интервенција на хеликоптерот на македонската армија придонесоа да се локализира пожарот на Галичица. Уште утрото во зоната на пожарот се упатија тимови за целосно да ги елиминираат жариштата кои се сеуште активни.
-
Македонија 06.09.2021 14:53
-
Македонија 06.09.2021 14:47
Пописот продолжува, надминат проблемот со интернет конекцијата
На вториот ден од спроведувањето на најголемата статистичката операција во државата, повеќе од еден час попишувачите не можеле да ги внесуваат податоците од граѓаните.
-
Македонија 06.09.2021 14:29
Заев: За уапсениот дипломат ќе се постапува согласно со меѓународните договори
Владата без детални информации за распишана меѓународната потерница за македонскиот дипломат. Премиерот Заев воздржан во коментарите. Вели-државата ќе постапи според меѓународно прифатените договори.
-
Македонија 06.09.2021 14:08
Нова поштенска марка по повод 30 години од независноста
Како што пред три децении ја одбележавме независноста на Македонија, со поштенска марка од која симболично ечеа зурли и тапани, така сега промовираме марка на која е стилизирано македонското знаме, рече директорот на Пошта, Јани Макрадули.
-
Македонија 06.09.2021 12:32
Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список
До четврток на полноќ граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци за Избирачкиот список, а до сабота на полноќ (11 септември) се поднесуваат кандидатурите за учество на локалните избори закажани за 17 октомври.
-
Македонија 06.09.2021 12:22
Предупредувачки бојкот на наставата на ученици од четврто одделение
Родители чии четвртоодделенци следат настава на македонски и албански јазик во основното училиште „7 Март“ во тетовско Милетино не ги пуштија своите деца на училиште, оти немаат книги и мора да копираат и да учат од скрипти.
-
Македонија 06.09.2021 12:15
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди при спроведување на пописот и локалните избори
Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија, 0800 54321 за пријавување повреди при спроведувањето на пописот на населението и локалните избори.
-
Македонија 06.09.2021 12:01
Филипче: Училиштата не се ризик
Еден ученик од Велес е позитивен на Ковид- 19 што воедно е и првиот случај во внатрешноста. Заразено е и дете во скопски Карпош. Ова се најновите случаи по стартот на новата учебна година. Министерот за здравство Филипче вели дека бројката на позитивни ученици е мала.
-
Македонија 06.09.2021 11:50
Од четврток ќе се отвори вакцинален пункт на УКИМ
Министерот за здравство Филипче најави отворање на нов пункт за вакцинација во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со овој чекор се става акцент на тоа вакцините да бидат подостапни и за младите граѓани за истите да вакцинираат во поголем број во периодот што претстои, рече министерот.
-
Македонија 06.09.2021 11:46
МВР: 703 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 703 возачи.










