Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Киев учествува на основачкиот самит на Кримската платформа. Станува збор за украинска иницијатива за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим.
-
Македонија 23.08.2021 11:44
-
Македонија 23.08.2021 10:17
Пендаровски од денеска во Украина по повод 30-годишнината од независноста на земјата
Претседателот Стево Пендаровски, од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.
-
Македонија 23.08.2021 09:52
МВР: 648 санкции за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 15 до 20 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи.
-
Македонија 23.08.2021 09:46
Граѓаните од денеска можат да ги подигаат новите лични карти
Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.
-
Македонија 23.08.2021 09:37
Новите мерки го зголемија интересот за вакцинација, околу 40% од граѓаните во земјава имунизирани
Околу 40 проценти од граѓаните во државава се имнузирани. Уште толку недостига до стекнување на колективен имунитет од 80 проценти. Aнтиковид мерки кои се на сила една недела го зголемија интерсот за имунизација.
-
Македонија 23.08.2021 09:24
До 25-ти август отворен конкурсот за реонски попишувачи
Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.
-
Македонија 23.08.2021 09:17
ЕБР одбележува 20 години од формирањето
Единицата за брзо распоредување – ЕБР при Министерството за внатрешни работи денеска со пригодна свеченост, почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, ќе одбележи 20 години од формирањето.
-
Македонија 22.08.2021 09:11
Малата сала во „Борис Трајковски“ ќе се отвори за вакцинација, препорака и прележаните да се вакцинираат побрзо
Природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а вакциналниот е траен. Препораката за вакцинација 45 дена по прележувањето на коронавирус која ја разбранува стручната јавност останува на сила, бидејќи е донесена врз основа на научни студии, вели министерот Филипче.
-
Македонија 22.08.2021 09:01
Над 10.000 активни случаи на Ковид-19 во земјава
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава изнесува 10.380, од кои над половина или 5.562 се регистрирани само во последните пет дена. Една третина од активните случаи се во Скопје – 3.421, додека над 64 проценти се само во три града – Скопје, Тетово и Гостивар.
-
Македонија 21.08.2021 13:16
Продолжува печатењето и издавањето на личните карти
По два месеци застој, денеска продолжи печатењето и издавањето на лични карти. Во изминатиот период околу 40.000 граѓани останаа без важечки личен документ.








