Во Тетово и на Шарпланинскиот појас нема маало и предел каде што нема дивоградби. Изградени нелегално покрај реки, стрмни терени, на само неколку метри од други објекти, загадувајќи го воздухот и преставувајќи ризик за ерозии и поплави.
-
Македонија 14.05.2021 13:29
-
Македонија 14.05.2021 13:24
Димитров: Нашиот случај е тест за ЕУ
Случајот со нашата земја е тест за Европската унија, за тоа дали ние во регионот во Западен Балкан можеме да и веруваме на ЕУ, порача вицепремиерот за европски прашања Димитров од панелот посветен на ЕУ и Западен Балкан. ЕУ е наша заедничка цел, нешто кон што ние работиме.
-
Македонија 14.05.2021 13:13
Голем интерес за вакцинација во Штип, од понеделник имунизација на вработените во компаниите
Вакцини има доволно, имунизацијата во Штип тече без застој, приоритет имаат лицата со потврден термин, а паралелно се имунизираат и вработени во јавните служби.
Медицинскиот кадар има право да користи годишен одмор, но тоа нема да влијае врз текот на масовната имунизација.
-
Македонија 14.05.2021 13:02
Евзони сѐ уште затворен, колоната станува сѐ поголема
Граничниот премин Евзони на грчко- македонската граница сѐ уште е затворен. И покрај најавите дека јужниот сосед ќе ги крене рампите, возила не се пропуштаат, колоната станува сѐ поголема. Има заглавени и во меѓуграничната зона.
-
Македонија 14.05.2021 12:26
40.000 дози „АстраЗенека“ пристигнуваат денес, утре 100.000 од „Синофарм“
Во државава се очекува да стигнат 40.000 дози на „АстраЗенека“, а во текот на утрешниот ден 100.000 од „Синофарм“ донација од Кина, најави министерот Филипче.
-
Македонија 14.05.2021 12:09
Пендаровски се сретна со Зеф Мази, главен преговарач на Република Албанија со ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Зеф Мази, главен преговарач на Република Албанија со Европската Унија.
-
Македонија 14.05.2021 11:48
Дигитална писменост- пат кон просперитетна иднина
Новите технологии навлегоа во сите области на современиот живот. Во овој контекст, дигиталната писменост стана многу повеќе од способност за ракување со компјутери.
-
Македонија 14.05.2021 11:22
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 586 ковид- пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 344 пациентипациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
-
Македонија 14.05.2021 11:06
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 12 пациент
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
-
Македонија 14.05.2021 10:54
Пет прекршувања на забраната за движење, 363 санкции за неносење маска
Од 24.00 часот до 04.00 часот констатирано е дека пет лица не ја почитувале забраната за движење, соопштуваат од МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 363 прекршоци.










