Наместо во собраниска сала, народните избраници кворум обезбедуваат на пунктот за имунизација. Добија термини за руската вакцина Спутник. Првиот меѓу еднаквите, спикерот Џафери, рече сите ги пријавил, откако колегите од администрацијата ги примиле првите дози.
-
Македонија 23.04.2021 15:21
-
Македонија 23.04.2021 14:43
Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Малта, Мери Шиклуна
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видео-врска со новоименуваната амбасадорка на Република Малта во Република Северна Македонија, Мери Шиклуна, по повод предавањето на акредитивните писма кои, поради пандемијата на Ковид-19, ги достави по писмен пат.
-
Македонија 23.04.2021 14:40
Царовска: Со стручно образование до поголема можност за вработување на младите
Дуалното образование е концепт кој се залагаме да стане системско решение на национално ниво и тоа ќе биде уреден во новиот Закон за стручно образование и обука чија прва нацрт верзија е подготвена и наскоро ќе биде предмет на јавна дискусија со цел усвојување на најдобрата содржина во интерес на
-
Македонија 23.04.2021 14:32
Модуларната болница во Струга започна со работа
Започна со работа модуларната болница во Струга. Во неа има централен довод на кислород, а моментално се сместени 11 Ковид пациент. Дополнително 13 болни од корона се лекуваат на интерното одделение во струшката болница, кое функционира како Ковид 1 центар.
-
Македонија 23.04.2021 14:04
После 10 години башиноселци за прв пат задоволни од откупната цена на младиот кромид
Башиноселци, најголемите одгледувачи на млад кромид во Македонија, годинава се задоволни од откупната цена. После десетина години, оваа, за прв пат се пофалија дека раноградинарскиот зеленчук, и кромид и лук се на цена.
-
Македонија 23.04.2021 13:50
Бујар Османи во официјална посета на Косово
Официјалната посета на Косово, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја започна со средба заменик-премиерката и министер за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц.
-
Македонија 23.04.2021 13:22
Димитров во посета на Литванија, пристапните преговори со ЕУ во фокусот на разговорите
Изгледите за почеток на пристапните преговори со ЕУ, биле главна тема на посетата на вицепремиерот за европски прашања Димитров во Вилнус.
Литванија потврдила дека останува активен поддржувач на евроинтеграцијата на земјата.
-
Македонија 23.04.2021 13:11
За 24 часа хоспитализирани 52 пациенти
Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 639 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
-
Македонија 23.04.2021 13:08
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1581 пациенти
Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
-
Македонија 23.04.2021 12:48
Филипче: Во тек е вакцинација на пратениците
Во А1 СЦ Борис Трајковски денес ќе се вакцинираат пратениците, а паралелно тече вакцинација на повозрасната категорија на граѓани над 73 години, рече денес министерот за здравство д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите.










