Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 25.04.2021 12:44
-
Македонија 25.04.2021 12:32
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.507 ковид- пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
-
Македонија 25.04.2021 12:24
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 34 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид- центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 25.04.2021 12:07
50 прекршувања на забраната за движење, 678 санкции за неносење маска
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 50 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштуваат од МВР. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 678 прекршоци.
-
Македонија 24.04.2021 17:51
Почина д-р Стеван Грданоски, еден од основоположниците на епидемиолошката наука во земјава
Почина примариус д-р Стеван Грданоски, еден од основоположниците на епидемиолошката наука во земјава и долгогодишен заменик-командант на некогашната Воена болница. Роден е во 1934-та година во Прилеп.
-
Македонија 24.04.2021 17:09
Нови 564 случаи со Ковид-19, починати 22 лица
Во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје –192, Куманово – 45, Битола – 44, Прилеп – 40, Велес и Струмица – по 23, Охрид – 22, Гостивар – 19, Штип – 18, Тетово – 17, Кочани – 16, Берово – 13, Кавадарци и Кичево – по 11, Виница – 9
-
Македонија 24.04.2021 16:35
Стерјоски за МТВ: Двонеделниот карантин може да влијае врз изборниот процес
Васил Стерјоски, кој прв во историјата од говорницата на албанскиот парламент се обрати на македонски јазик е пред повторен предизвик да направи повеќе за своите сограѓани Македонци во Албанија.
-
Македонија 24.04.2021 15:52
Наставниците ќе се вработуваат на неопределено време
Наставниците ќе бидат вработувани на неопределено време, тоа го предвидува новиот Закон за наставници, што е во собраниска постапка. Според министерката Царовска со тоа се спречува натамошната злоупотреба на наставниот кадар.
-
Македонија 24.04.2021 15:27
Пандемијата предизвикува психолошки проблеми
Тешките коронавирусни инфекции, но и изолацијата можат да предизвикаат долгорочни психоемоционални проблеми, како анксиозност, депресија, несоница. За таа цел, надлежните од кумановската болница покренуваат бесплатна психолошка помош за пациентите, кои се активни или биле заболени од ковид 19.
-
Македонија 24.04.2021 15:10
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.528 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 932 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.










