Министерот за здравство Филипче на редовен состанок со директорите на клиниките и ковид- центрите. Се анализирала состојбата со коронавирусот. Првиот човек на здравство очекува ситуацијата во наредниот период да продолжува да се стабилизира и да се олесни работата на здравствените работници.
-
Македонија 19.04.2021 12:22
-
Македонија 19.04.2021 11:48
Единаесетмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје
Против 11 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози.
-
Македонија 19.04.2021 11:26
Обвиненија за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 19.04.2021 10:53
22 прекршувања на забраната за движење, 537 санкции за неносење маска
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштува МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.
-
Македонија 19.04.2021 10:41
Град Скопје: Oд денеска аплицирање за субвенции за велосипеди и електрични тротинети
Градот Скопје денеска ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето на овие повици ќе биде онлајн.
-
Македонија 19.04.2021 10:24
МВР: 192 сообраќајни прекршоци во Скопје, 116 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 19.04.2021 10:18
Границите на Грција остануваат затворени уште една седмица
Границите на Грција остануваат затворени уште една седмица за македонските граѓани. Грчката Влада ја продолжи до 26-ти април одлуката за копнените граници и забраната за влез на државјани за трети земји.
-
Македонија 19.04.2021 09:44
Десет илјади вакцини на „Фајзер“ попладнево пристигнуваат во земјава
Според најавите, попладне на Скопскиот аеродром со посебен транспорт од Софија треба да пристигнат првите 10 илјади дози од „Фајзер“, преку директните преговори со компанијата.
-
Македонија 19.04.2021 09:29
Комисијата за заразни болести ќе одлучува за продолжување на рестриктивните мерки
Епидемиолошката состојба повторно пред Kомисијата за заштита од заразни болести. Ќе има ли препорака за продолжување на полицискиот час, а угостителските објекти да останат затворени или пак ќе има олабавување на мерките? Сепак, конечниот збор го има Владата.
-
Македонија 19.04.2021 09:21
Денеска облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни
Претежно облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи се очекуваат во текот на денешниот ден. Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег.









