Европската унија ќе испорача 650 илјади дози од вакцината „Фајзер“ на шесте земји од Западен Балкан. Со нив ќе бидат имунизирани здравствените работници и најранливите групи. Вакцините ќе се дистрибураат од мај до август. Од оваа количина, кај нас се очекува да пристигнат 119.600 дози.
-
Македонија 20.04.2021 15:07
-
Македонија 20.04.2021 14:45
Филипче: Институтот Торлак ќе биде наш стратешки партнер на набавка на вакцини
На денешната средба на министерот за здравство д-р Венко Филипче со српскиот министер за здравство Лончар се разгледуваа повеќе прашања поврзани со пандемијата, како и взаемната соработка помеѓу двете држави при процесот на надминување на коронавирусот во двете земји.
-
Македонија 20.04.2021 14:31
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.667 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
-
Македонија 20.04.2021 14:21
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 64 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 20.04.2021 13:54
Куманово: Вакциниран наставно- воспитниот кадар од градинките
Воспитниот кадар од детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово е вакциниран против Ковид 19.
-
Македонија 20.04.2021 13:38
Предупредувачки протест на пелагониските сточари
Нов предупредувачки протест со веќе позната содржина на пелагониските сточари. Овојпат револтирани се што досега не зеле ниту банка субвенции за целата ланска година.
-
Македонија 20.04.2021 13:19
Кривични пријави против Џафери и двајца пратеници
Опозицијата поднесе кривични пријави до Основното јавно обвиниетлство против собранискиот спикер Џафери и пратениците кои во скафандери дојдоа во законодавниот дом. Од ВМРО- ДПМНЕ и Левица велат дека биле прекршени здравствените протоколи во време на пандемија.
-
Македонија 20.04.2021 13:06
Туристичко- угостителскиот сектор на протест пред Министерството за финансии
Угостителите и туристичките работници на протест пред Министерството за финансии. Бараат еднократна финансиска поддршка за спас на бизнисот и на работните места. Велат дека се во исклучително тешка состојба и со месеци немаат помош.
-
Македонија 20.04.2021 12:33
Царовска: Дигитализацијата е нужно потребна
Дигитализацијата не е нешто погрешно, дигитализацијата е нужно потребна за да нашата држава и нашите деца фатат чекор со себе, вели министерката за образование Царовска. Спорд неа, секоја промена е значајно да се води низ дебата и тоа се прави во моментов.
-
Македонија 20.04.2021 12:24
Средба на Пендаровски со Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, соопштуваат од претседателскиот кабинет.










