Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 15.04.2021 12:24
-
Македонија 15.04.2021 12:18
Царовска: Електронски упис на првачињата од мај
Од мај оваа година, уписите за основците ќе бидат онлајн и со тоа ќе се намали метежот во училиштата, изјави министерката Царовска која промовираше дигитални услуги во образованието.
-
Македонија 15.04.2021 12:07
Се намалува бројот на заразени со Ковид-19
Третиот ковид- бран стивнува, вели министерот за здравство Венко Филипче. Бројките на новодијагностицирани со Ковид-19 деновиве се пониски. Денеска има околу 890 нови случаи. Тоа го гледаме и во болниците во Скопје и ширум државата.
-
Македонија 15.04.2021 11:39
Филипче: 200.000 кинески вакцини пристигнуваат од 28-ми април
Двесте илјади кинекси вакцини на 28-ми април пристигнуваат во земјава, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада.
-
Македонија 15.04.2021 10:54
Почнува вакцинацијата на граѓани под 75 години
Од денеска ќе може да се вакцинираат граѓаните на возраст под 75 години, кои се пријавени преку апликацијата „vakcinacija.mk“ или преку матичните лекари.
-
Македонија 15.04.2021 10:37
КСС ќе протестира под мотото „Доста е, претеравте“
Под мотото „Доста е, претеравте“ Конфедерацијата на слободни синдикати излегува на протест. Поради состојбата со пандемијата, ќе се одржи со автомобили. Ќе почне спроти МРТ до Собранието и ќе заврши пред Владата.
-
Македонија 15.04.2021 10:24
15 прекршувања на забраната за движење, 480 санкции за неносење маска
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштуваат од МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци.
-
Македонија 15.04.2021 10:08
Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз“, за што заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.
-
Македонија 15.04.2021 10:02
МВР: 190 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 15.04.2021 09:48
Уставен ќе ја разгледува законитоста на член 163 од Законот за банки
Уставниот суд треба да реши по иницијатива на дел од штедачите во „Еуростандард“, кои го спорат членот од Законот за банки според кој, кога една банка ќе отиде во стечај, прво се исплаќа Фондот за осигурување на депозити.










