Министерството за здравство ја информира јавноста дека во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години.
-
Македонија 13.04.2021 21:06
-
Македонија 13.04.2021 20:42
Владата ги усвои измените со кои ќе се регулираат цените за лекување на ковид пациенти во приватните болници
Владата ги усвои измените на Законот за здравствена заштита со кои ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од Ковид-19. Измените, како што вечерва соопшти владината прес-служба, ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.
-
Македонија 13.04.2021 19:10
Потпишан Меморандум за разбирање меѓу МРТ и РТС
Реципрочна размена на вести, детски, музички, забавни, културни и образовни програми – Македонската Радио телевизија и Радио-телевизија Србија потпишаа Меморандум за разбирање.
-
Македонија 13.04.2021 17:27
Нови 1.129 случаи со Ковид-19, починати 27 лица
Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458, Битола – 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18, Не
-
Македонија 13.04.2021 16:32
Поголемата вклученост на граѓаните во одлуките на власта- основа за поголема доверба
Десет години од учеството на земјава во отвореното владино партнерство ја подобри транспарентноста на државните институции, овозможи поефикасна борба против корупцијата и поголема доверба кај граѓаните.
-
Македонија 13.04.2021 16:06
Пресуда за „Трезор“: Осум години затвор за Мијалков, 15 за Грујевски
Бегалецот во соседна Грција, Горан Грујовски доби највисока казна, 15 години затвор во случајот „Трезор“. Неговиот претпоставен, Сашо Мијалков – осум години. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд за незаконската набавка на опрема за УБК.
-
Македонија 13.04.2021 15:48
Тетовци и натаму мака мачат со водоснабдувањето
Во време на пандемија тетовци се соочуваат со речиси целодневни рестрикции на водата за пиење. Состојбата е загрижувачка во некои тетовски населби, каде од чешмите не протекува ниту капка вода.
-
Македонија 13.04.2021 15:44
Досега вакцинирани 500 велешани, не е регистрирана реакција на вакцината
Десет дена во вакциналниот пункт на Здравствен дом Велес се одвива вакцинацијата за заштита од Ковид-19. Досега таа тече без проблеми и околу 500 велешани, на возраст над 76 години ја примиле првата доза на вакцината „Астра Зенека“.
-
Македонија 13.04.2021 15:37
Дополнителни дози вакцини за повозрасните во Прилеп
Преку 500 прилепчани над 77 години, веќе ја примија првата доза вакцина на пунктот во Здравствениот дом во Прилеп. Матичните веќе им закажуваат термини и на оние од 75 години.
-
Македонија 13.04.2021 15:25
Отворен патот за деблокада на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува амандманите на Законот за државјанство, истото го побара од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го направат на законите од петтиот пакет економски мерки.










