Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 01.04.2021 13:06
-
Македонија 01.04.2021 12:54
Вакцинацијата кај старите лица над 77 години продолжува
На трите пункта во Скопје непрекинато тече вакцинацијата на граѓаните над 77 годишна возраст со „АстраЗенека“. Интересот голем. Само 2 насто од пријавените преку „Мој Термин“ не дошле да се боцкаат.
-
Македонија 01.04.2021 12:46
За вакцинација упат од матичен лекар и документ за соглaсност
На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација“, кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано.
-
Македонија 01.04.2021 12:23
Пристигнува нова пратка вакцини
Во земјава пристигнува нова пратка вакцини. Со деталите за количеството и производителот на прес-конференција ќе информираат премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче.
-
Македонија 01.04.2021 12:09
Закажана собраниска седница за одложување на пописот и за Изборниот законик
За 13 часот закажана седницата на која на дневен ред ќе биде одложувањето на пописот и измените на Изборниот законик. Очекувањата за одржување седница ги потврди и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој објасни дека иако е 1 април, пописот денеска не е започнат, и законот не се крши.
-
Македонија 01.04.2021 11:36
Филипче: Во салата „Борис Трајковски“ дневно ќе се вакцинираат околу 5.000 граѓани
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил објави дека подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде што ќе се извршува масовна вакцинација се при крај.
-
Македонија 01.04.2021 11:26
МОН: Стипендии од 3.500 денари за учениците во дуалните паралелки
Министерството за образование и наука од наредната учебна година, ги зголемува стипендиите за учениците од средните стручни училишта, со што дополнително ќе ги стимулира учениците кои своето образование ќе го продолжат во едно од стручните средни училишта во земјава.
-
Македонија 01.04.2021 11:17
Досега самопопишани 177.875 државјани во дијаспората
До утрово во 8 часот се самопопишале 177.875 лица од дијаспората, државјани на Македонија, соопштуваат од Државниот завод за статистика. На врвот на листата на земји со најмногу попишани граѓани е Швајцарија со 58.067 и Германија со 40.400 лица.
-
Македонија 01.04.2021 11:03
Стабилна епидемиолошка состојба во Струга
Во Струга епидемиолошката слика е стабилна. За разлика од други градови во земјава каде се бара болнички кревет повеќе, во струшката болница има само 13 хоспитализирани пациенти на Интерното одделение.
-
Македонија 01.04.2021 10:59
ДЗС нема да почне со пописните активности на терен
Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите, до завршувањето на постапката во Собранието што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен.










