Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.537 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштуваат од Министерството за здравство.
-
Македонија 29.03.2021 11:56
-
Македонија 29.03.2021 11:52
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 29.03.2021 11:38
786 санкции за брзо возење на територија на цела држава
Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 786 возила.
-
Македонија 29.03.2021 11:36
ДЗС демантира дека може да се самопопишат лица кои се откажале од македонско државјанство
Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации, објавија од ДЗС на официјалниот Фејсбук профил.
-
Македонија 29.03.2021 10:52
Канцеларијата за врски на НАТО успешно ја заврши својата мисија
Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја завршува својата мисија со успех. Една година по полноправното членство на земјава во Алијансата, НАТО канцеларијата заминува од државата.
-
Македонија 29.03.2021 10:48
МВР: 148 санкционирани во Скопје, од кои 91 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 29.03.2021 10:46
Димитров во Берлин на средба со Рот
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на покана на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе престојува работна посета на Германија.
-
Македонија 29.03.2021 10:10
МЗ: Вакцинираните граѓани да бидат исклучително внимателни, треба да помине време за имунитет
Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат треба да бидат исклучително внимателни, велат од Министерството за здравство.
Еве неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет:
-
Македонија 29.03.2021 09:54
Самопопишувањето продолжува, 11.101 нови попишани за еден ден
Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на Република С Македонија кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1-ви март, до денес, соопштуваат од Државниот завод за статистика.
-
Македонија 29.03.2021 09:37
Лидерска средба Заев- Мицкоски
Многу теми за разговор на денешната тет-а-тет средба Заев- Мицкоски. На маса пописот, блокираните закони и измените во Изборниот законик.









