Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радов
-
Македонија 29.03.2021 18:40
-
Македонија 29.03.2021 17:59
Успешна лидерска средба, пописот одложен за септември
Она за што Заев и Мицкоски не можеа да се договорат со месеци го решија на тет- а- тет средба за три часа. Пописот се одложува за септември, а локалните избори ќе се одржат во втората половина на октомври.
-
Македонија 29.03.2021 16:14
Заев и Мицкоски се договорија, пописот ќе се одложи
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес- конференција по средбата со премиерот Заев истакна дека е договорено пописот да се одложи. Пописот ќе се презакаже за во септември или првата половина од октомври, додека пак локалните избори да бидат во втората половина во октомври.
-
Македонија 29.03.2021 15:54
Протест на сточарите од полошко
Сточари од полошко немаат пари да ги прехранат овците и кравите. Резервата од сточната храна им завршила. Се надевале на пасиштата на Шара, но тие деновиве обелеа од снежна покривка.
-
Македонија 29.03.2021 15:35
Докиќ: Во нашите болници има место за сите пациенти
Огромен број на пациенти со ковид дијагноза бараат болничка заштита. Надлежните тврдат дека нема простор за паника, бидејќи има доволно места и доволен кадар. Во моментов во болниците низ Македонија се лекуваат 1.537 лица, а има уште 300 слободни кревети.
-
Македонија 29.03.2021 15:25
Утре седница на Советот за безбедност
Утре ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност, соопштија од претседателскиот кабинет. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.
-
Македонија 29.03.2021 14:56
В среда почнува вакцинацијата на граѓаните, во април се очекува поголема пратка вакцини
20 илјади граѓани на возраст над 75 години се пријавиле за имунизација против коронавирусот. Тие ќе бидат првите кои ќе ја примат вакцината на „АстраЗенека“. Преку матичните лекари ќе добијат термин во кој пункт и во кое време од среда ќе бидат боцнати.
-
Македонија 29.03.2021 14:41
Прашањето за последиците од климатските промени да биде дел од политиките во сите сектори
Граѓаните да се вклучат ефективно и суштински во процесите на донесување одлуки кога станува збор за климатските промени, повикаа од невладината „Еко свест“.
-
Македонија 29.03.2021 14:23
Бектеши: Албанските опозициски партии ги блокираат законите од петтиот сет мерки
Опозициските партии од македонскиот блок веќе ги поддржаа законите од петтиот сет економски мерки, но сега се чини опозициските на Албанците како да имаат цел да го блокираат повторно процесот, смета министерот за економија, Бектеши.
-
Македонија 29.03.2021 14:19
Дополнителна настава по физичко за лицата со попреченост
Наставници по физичко и здравствено образование од Куманово наредните три месеци ќе го спроведуваат проектот „Физички активности на ученици со посебни образовни потреби“, кој предвидува настава со физичко присуство.










