Зголемување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти е наредиот чекор на заострувањето на рестриктивните мерки доколку не опадне бранот на новозаболени со Ковид-19 во земјава, најавува министерот за здравство Филипче.
-
Македонија 19.03.2021 14:55
-
Македонија 19.03.2021 14:47
Пописот ќе се спроведе, гаранција се строгите протоколи
Сите капацитети и активности се насочени кон спроведување, пописот нема да се одложи- методологијата и здравствените протоколи го гарантитраат успехот, велат од Владата.
-
Македонија 19.03.2021 14:16
Речиси исполнети болничките капацитети во Куманово
Третиот бран не го одмина ниту Куманово. Расте бројката на позитивни и суспектни на коронавирусот. Во кумановската болница повторно се исполнети капацитетите. Минатата недела беше пуштена во употреба и модуларната ковид болница, со капацитет од 33 легла.
-
Македонија 19.03.2021 14:07
1.224 ковид- пациенти хоспитализирани низ болниците во земјава
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.224 и има околу 317 празни болнички кревети во ковид центрите.
-
Македонија 19.03.2021 14:05
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 63 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 63 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 520 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 19.03.2021 13:22
Градинките безбедни, се отвораат нови објекти
Шестте прилепски градинки се речиси преполни, а за првпат од пандемијата се отвораат и градинките во населените места. Мајките бараат место повеќе. Од 600, дозволена бројка според протоколите, остануваат уште 40-ина слободни места.
-
Македонија 19.03.2021 13:03
Припадниците на армијата ангажирани во мисијата во Авганистан се пријавиле на пописот
Капетан Крсте Станкоски и капетан Стефан Димитровски веќе четврти месец се дел од мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан со сили за обезбедување и штабен персонал.
-
Македонија 19.03.2021 11:56
Преку апликацијата за самопопишување досега евидентирани 82.106 лица
Преку онлајн апликацијата за самопопишување досега од странство се евидентирани 82.106 лица, процесот продолжува до 21 април. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.
-
Македонија 19.03.2021 11:21
Шекеринска- Пахор: Северна Македонија и Словенија ги поврзува цврсто пријателство и соработка
Со средба со претседателот Борут Пахор, министерката Радмила Шекеринска ја заврши еднодневната официјална посета на Република Словенија што се реализираше на покана на министерот за одбрана, Матеј Тонин.
-
Македонија 19.03.2021 11:16
Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи
Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.










