И во наредните две недели продолжува да важи забраната за движење од 22 часот до 5 изутрина. Мерката е донесена врз основа на последните бројки на новодијагностицирани и на лицата кои имаат потреба од хоспитализација, информираа од здравство.
-
Македонија 22.03.2021 10:12
-
Македонија 22.03.2021 09:55
Укината забраната за камиони на Пресека и Буково
Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Пресека и Буково. Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај на Пресека е укината од 8:40 часот, на Буково од 9:30 часот.
-
Македонија 22.03.2021 09:42
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност, а две последователни седници ќе има Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 22.03.2021 09:36
Шест лица повредени по екплозија на плинска боца во липковско Матејче
Шест лица се повредени од експлозија од плинска боца што се случила вчера во викендица во село Матејче општина Липково, информираа денеска од МВР.
-
Македонија 21.03.2021 17:39
Полицискиот час останува во сила, следните денови ќе се одлучува за нови мерки
Продолжува да важи забраната за движење од 22 часот до 05 часот наутро, информира Министерството за здравство. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.
-
Македонија 20.03.2021 16:55
1.299 нови случаи со Ковид-19, починати 24 лица
Во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 672, Прилеп - 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевг
-
Македонија 19.03.2021 15:47
Не е констатирано непочитување на мерките во јавниот превоз во Штип
„Да не се повтори минатогодишниот пропуст кога работничкиот автобуски превоз беше посочен како сериозен фактор во ширење на Ковид -19 кај текстилните работници“ – апелира градоначалникот на Штип.
-
Македонија 19.03.2021 15:21
Партиите со меѓусебни напади и барања за оставки
Политичките партии со меѓусебни вербални напади и барања оставки. Секој во својот филм за малверзациите на другиот. Социјалдемократите видоа скандал со потрошените близу 50 илјади евра од страна на ВМРО – ДПМНЕ, дадени на германскиот пратеник Тобијас Цех за консултантски услуги.
-
Македонија 19.03.2021 14:55
Зголемување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителите ако не се намалат бројките
Зголемување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти е наредиот чекор на заострувањето на рестриктивните мерки доколку не опадне бранот на новозаболени со Ковид-19 во земјава, најавува министерот за здравство Филипче.
-
Македонија 19.03.2021 14:47
Пописот ќе се спроведе, гаранција се строгите протоколи
Сите капацитети и активности се насочени кон спроведување, пописот нема да се одложи- методологијата и здравствените протоколи го гарантитраат успехот, велат од Владата.










