Само во текот на вчерашниот ден во тетовската болница се извршени 100 амбулантски прегледи на пациенти со симптоми на Ковид-19. Бројка која говори дека нѐ очекуваат недели со брза трансмисија на болест, вели д-р Гзим Нуредини. Смета дека треба да се воведат и поригорозни мерки.
-
Македонија 17.03.2021 13:55
-
Македонија 17.03.2021 13:03
Ќе се воспостави бродска линија Струга- Поградец- Охрид
Ќе се реконструираат пристаништата во Струга и Поградец и ќе се воспостави нова бродска линија помеѓу трите градови на брегот на Охридското Езеро. Предвидена е набавка и на два соларни еко бродови, кои ќе служат за крстарење, но нема да го загадуваат езерото.
-
Македонија 17.03.2021 12:54
18 лица го прекршиле полицискиот час во североисточниот регион
Точно една седмица како кумановци, но и граѓаните од останатите градови од земјава, функционираат со полициски час, кој започнува во 22, а трае до 05 часот изутрина. Полицискиот час е воведен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
-
Македонија 17.03.2021 12:46
Помалубројните заедници слободно да се изјаснат на пописот
Помалубројните заедници во земјава слободно да се изјаснат на пописот, повикуваат од Агенцијата за остварување на нивните права. Оттаму ги охрабруваат да учествуваат во статистичката операција за да можат да ги остварат своите права, врз основа на реално добиени податоци.
-
Македонија 17.03.2021 12:32
Деветмина во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час
Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 17.03.2021 12:27
1.135 ковид- пациенти хоспитализирани низ болниците во земјава
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.135 и има околу 280 празни болнички кревети- соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 17.03.2021 12:20
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализиран 51 пациент
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 51 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 483 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 17.03.2021 12:18
Османи се сретна со Касис во Швајцарија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Швајцарската Конфедерација оствари средба со својот хомолог, сојузниот министер за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, која се случува за првпат после 12 години на нивно на шефови на диплома
-
Македонија 17.03.2021 12:12
Од утре снег и температури под нула
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Минималната температура ќе изнесува -5 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне до 14 степени.
-
Македонија 17.03.2021 11:48
Разрешен директорот на струшката болница
Министерот за здравство Филипче на денешната прес- конференција соопшти дека го разрешил директорот на струшката болница, Мухамед Хасани.










