Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 300 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.
-
Македонија 15.01.2021 12:55
-
Македонија 15.01.2021 11:50
Новиот состав на ДИК и официјално ја презема должноста
Членовите на новиот состав на Државната изборна комисија дадоа свечени изјави пред спикерот Џафери. Се заколнаа дека ќе работат совесно и одговорно во согласност со Уставот и законите. Претседателот Даштевски вели дека партиската поддршка завршува со нивниот избор.
-
Македонија 15.01.2021 11:18
Се намалува бројот на активни случаи со Ковид-19
Бројката на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата е речиси 88 илјади, на оздравени пациенти е нешто над 69 илјади, а на починати 2.672. Се намалува бројот на активни случаи. Нешто повеќе од 16 илјади се позитивни или сомнителни на Ковид-19.
-
Македонија 15.01.2021 11:06
Од понеделник лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“
Од понеделник во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“, пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, информира Министерството за здравство.
-
Македонија 15.01.2021 10:34
МНР го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал
Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани оценувајќи го како штетен по угледот на државата.
-
Македонија 15.01.2021 10:03
Снегот не предизвика посериозни проблеми во сообраќајот
Вчерашните врнежи од снег не предизвикаа посериозни проблеми во сообраќајот. Укината е забраната за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово- Дебар и на превојот Стража. На државните патишта, сообраќајот се одвива по влажни коловози.
-
Македонија 15.01.2021 09:57
МВР: 381 санкција за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 381 прекршок, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 15.01.2021 09:45
Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме во Вевчани
Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, упатил остар вербален протест поради запалено бугарско знаме на карневалот во Вевчани, објави на својот Фејсбук профил министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
-
Македонија 15.01.2021 09:37
244 санкционирани возачи во Скопје, 24 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 14.01.2021 16:00
Од денеска влез во Србија без ПЦР тест
Македонските државјани од денеска можат да влезат во Србија без да приложат негативен ковид тест. Одлуката ја донесе српската влада, а премерката на Србија, Ана Брнабиќ, пред два дена, во телефонски разговор го информирала премиерот Зоран Заев.









