Премиерот Зоран Заев потврди дека министрите Османи и Димитров ќе реферираат за разговорите и проблемот со Бугарија пред пратениците во македонското Собрание. Заев посочи дека двајцата министри ќе информираат во Комисијата за надворешни работи со која претседава опозицискиот пратеник Милошоски.
-
Македонија 18.01.2021 15:30
-
Македонија 18.01.2021 15:20
Македонија ќе добие 8.000 дози од вакцината „Фајзер“ од Србија
Осум илјади дози од американската вакцината „Фајзер“, соседна Србија ќе издвои за Македонија. Вакцините биле понудени како донација, но сепак одлуката на нашата земја е да ги купи според набавната цена.
-
Македонија 18.01.2021 15:13
Течат подготовките за вакцинацијата против Ковид-19
Течат подготовките за вакцинацијата на населението против ковид-19. Согласно планот, приоритет ќе имаат здравствените работници кои работат во ковид центрите и лабораториите, граѓаните над 70 години, пациентите со хронични болести, лицата со попреченост.
-
Македонија 18.01.2021 15:05
Еколошко греење, ама и дрва за секој случај
Повеќе инвертер клими, печки на пелети, ама, иако помалку - и греење на дрва. Така се топлат прилепчани последниве и оваа зима. Трговците го забележауваат трендот.
Се намали продажбата на дрва, но сепак остануваат како огрев. Повеќе во индивидуалните куќи, а не во становите.
-
Македонија 18.01.2021 14:57
Минусни температури и снег во Битола, отежнато движењето по споредните улици
Со снежна покривка од околу 25 сатимитри и минусни темпертури околу 15 степен, Битола веќе неколку денови е во првите два града во земјава по овие параметри. Климатските промени ги променија и зимските навики.
-
Македонија 18.01.2021 14:50
Пандемијата го откажа осветувањето на водите на Охридското Езеро
Најмасовната црковно народна манифестација, која децении наназад се случува во Балканскиот Ерусалим, со илјадници верници распослани на пристаниште и стотици капачи, годинава е откажана.
-
Македонија 18.01.2021 14:25
„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ лани биле најгледани телевизии
„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледани национални телевизиски канали во 2020 година од македонските граѓани. Ова го покажува Годишниот извештај за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).
-
Македонија 18.01.2021 13:59
Во ковид- центрите низ земјава хоспитализирани 650 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот.
-
Македонија 18.01.2021 13:21
Мицкоски на средба со Орбан
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и партискиот потпретседател Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и од Европа, во рамките на пријателските односи со повеќе партии од семејството на Европската народна партија.
-
Македонија 18.01.2021 13:15
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 14 пациенти, вкупно се лекуваaт 280
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.










