Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 463 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
-
Македонија 08.01.2021 13:56
-
Македонија 08.01.2021 13:28
Евроинтеграцијата на Скопје и Тирана меѓу приоритетите на португалското претседателство
Португалија ќe се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, најави министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, по преземањето на претседателството со Унијата.
-
Македонија 08.01.2021 13:16
Мал број верници и странски туристи во охридските цркви
Нема странски туристи во охридските цркви. Пандемијата го намали и бројот на верници во црковните храмови. Балканскиот Ерусалим, за разлика од минатото за Божик нема странски туристи. Во овој период од годината традиционално најбројни беа гостите од соседството.
-
Македонија 08.01.2021 12:51
Втор ден Божик- се празнува Собор на Пресвета Богородица
Православните христијани денеска го празнуваат Собор на Пресвета Богородица, втор ден Божик. Во црквата Рождество на Пресвета Богородица се служеше златоустова литургија.
-
Македонија 08.01.2021 11:42
Приведен сопственик на угостителски објект во гостиварско
Вчера околу 21 часот во село Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35) од село Градец, сопственик на угостителски објект кој работел по дозволеното време и во кој престојувале 20 гости.
-
Македонија 08.01.2021 11:35
МВР: 203 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 203 прекршоци.
-
Македонија 08.01.2021 11:05
Отпадот од кланиците ќе се преработува
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со финансирањето на изградбата на кафилерија. Капацитет во кој ќе се преработува отпадот од кланиците и ќе биде лоциран во Општина Лозово. Парите од 9,5 милиони евра, се веќе обезбедени од европските ИПА фондови и преку заем од Светска банка.
-
Македонија 08.01.2021 11:01
Прилепски средношколец може да биде меѓу првите вакцинирани против Ковид-19
Младиот, сѐ уште неполнолетен научник, прилепчанецот Сашо Јандрески може да биде меѓу првите Македонци кои ќе ја примат вакцината против Ковид- 19.
-
Македонија 08.01.2021 10:44
Се официјализира проектот „Охрид - Град на илјада крстови“
Крстот е симбол на Христовото распетие и неговата победа над смртта. Тој е украс на црквите, чувар на вселената, потпора на верните, слава на ангелите. Симбол кој со векови ги краси охридските древни духовни храмови кои некогаш ги имало колку што има денови во годината.
-
Македонија 08.01.2021 10:32
Димитров: Политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие
Политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие и кампања. Вицепремиерот Димитров, во интервју за државната агенција МИА, вели дека е време малку да одмориме од проблемот со Бугарија, и ова време да го инвестираме во средување на сопствениот двор.










