Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 506 прекршоци.
-
Македонија 31.12.2020 11:28
-
Македонија 31.12.2020 10:22
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 26 пациенти, вкупно се лекува 331
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 331 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 31.12.2020 10:19
Сара и Матеј најчести имиња во 2020 година
Сара е најчестото женско, а Матеј најчестото машко име што граѓаните во земјава им го давале на своите новородени деца во текот на оваа година.
-
Македонија 31.12.2020 10:15
Започнува зимскиот распуст
Основците и средношколците од денеска се на зимски распуст. Ќе трае до 20-ти јануари, а веќе наредниот ден учениците ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020-2021, некои во училишните клупи, а повеќето пред ИТ- уредите.
-
Македонија 31.12.2020 10:11
Наместо на плоштад, ќе се слави во домовите- да празнуваме одговорно!
Изминува 2020-та година, која ќе остане запаметена по Ковид-19 кој предизвика пандемија што однесе милиони животи. Наместо традиционалната прослава на плоштад, скопјани Новата година ќе ја дочекаат во домашна атмосфера.
-
Македонија 30.12.2020 19:28
493 нови случаи со Ковид-19, починати 15 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-210, Куманово-28, Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Кр
-
Македонија 30.12.2020 18:23
Првите дози од вакцината на „Фајзер“ пристигнуваат во февруари
Во февруари пристигнуваат првите дози на вакцината на „Фајзер“, соопшти Министерството за здравство. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април.
-
Македонија 30.12.2020 15:47
Сместувачките капацитети во Дојран полни за празниците
Сместувачките капацитетите во Дојран исполнети. Вилите кои имаат услови да затоплат, ги издадоа апартманите уште пред две недели, а хотелиерите велат дека интерес за дочек на новогодишната ноќ имало и оваа година, иако сликата е поразлична од другите години.
-
Македонија 30.12.2020 15:39
Први пратенички прашања за новата Влада
Грешка е потпишаниот договор со Бугарија, со кој историјата одлучува за иднината на Македонија и Македонците, вели Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека е добро да се постигнуваат договори, но многу е важно како се постигнуваат и првенствено да се во интерес на Македонија.
-
Македонија 30.12.2020 14:39
Маричиќ: Довербата во правната држава може да се врати само преку ефикасно судство и јавно обвинителство
Довербата во правната држава може да се врати само преку ефикасно судство и јавно обвинителство, дециден министерот за правда Бојан Маричиќ. Тврди дека се поставени здрави основи кои нема да придонесат за чистка, туку ќе се постапува еднакво за сите.










