Во изминатото деноноќие регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.564 тестирања. Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти. Починати се 33 лица, од кои едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.
-
Македонија 03.12.2020 09:25
-
Македонија 02.12.2020 15:48
Бучковски: Убеден сум дека ќе најдеме решение
Можеби не за седум дена до одлуката на ЕУ за Преговарачката рамка, но решение за надминување на кризата во односите со Бугарија е можна, вели новонаименуваниот специјален пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.
-
Македонија 02.12.2020 15:44
Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени по Рихтер
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот почувствуван попладнево бил со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени.
-
Македонија 02.12.2020 15:38
Ангелов: Состојбата е стабилна, има доволно болнички капацитети
Состојбата е стабилна, засега има доволно болнички капацитети- оценка на првиот човек на Кризниот штаб, Ангелов. Доколку се зголеми бројот на заболени на кои им е неопходно и болничко лекување, ќе бидат вклучени и приватните здравствени установи, со одлука на Главниот штаб.
-
Македонија 02.12.2020 15:30
Неплатена работа за нега во домашни услови
Скопјанката Марија Лажовска веќе 30 години се грижи за својата мајка. Вели, 24 часа, седум дена во неделата е со обврски, тешко е, ама родител не се остава. Иако нејзината мајка е зависна од туѓа нега, од државата не добила парична помош.
-
Македонија 02.12.2020 14:51
СДСМ: Опозицијата не сака фунционално Собрание
Опозицијата не сака функционално Собрание велат од СДСМ и посочуваат дека бројните несериозни амандмани кои ги поднесе опозициската партија се класичен пример на блокада на Собранието.
-
Македонија 02.12.2020 14:27
Земјотрес од 3,9 степени почувствуван во Скопје
Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди Македонија.
-
Македонија 02.12.2020 14:00
ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека ќе испратат порака до премиерот Зоран Заев дека е доста со понижување и распродажба на историјата.
-
Македонија 02.12.2020 13:55
ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 23 до 29 ноември намален е бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19.
-
Македонија 02.12.2020 13:14
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 804 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 804 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.










