• Македонија 06.10.2020 18:09

    Во регионот ќе се патува без ПЦР-тест

    Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, граничните премини со Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина од понеделник, 12-ти октомври да се отворат без да се приложува негативен ковид тест.

  • Македонија 06.10.2020 17:00

    Нови 225 случаи со Ковид-19, осум починати, оздравени 159 пациенти

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Проб

  • Македонија 06.10.2020 16:18

    Струшките гимназијалци продолжуваат од бојкотот

    Струшките гимназијалци продолжуваат со бојкотот на онлајн наставата. Македонските средношколци попуштија, почнаа да учат од далечина, но албанските остануваат на ставот да добијат дозвола за настава со физичко присуство.

  • Македонија 06.10.2020 15:56

    Собрание: Потребна е поголема ефикасност во работењето

    Власта и опозицијата во клинч за досегашната ефикасност на Парламентот. Закажаните седници без исклучок доцнат со почетокот дали поради недоставени материјали или пак поради немање кворум за работа. Наместо почеток, големата купола во која треба пратениците да носат закони- празна.

  • Македонија 06.10.2020 15:22

    24 деца од две градинки во Штип во изолација

    24 деца од две градинки во Штип се во изолација поради позитивните резултати на коронавирусот на негувателка и на воспитувачка.

  • Македонија 05.10.2020 17:32

    Четворица починати, нови 83 случаи со Ковид-19

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-3, Штип-6, Тетово-5, Струга-3, Велес-3, Охрид-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Берово-1, Валандово-5,

  • Македонија 05.10.2020 17:06

    Бугарски историчари и научници против ставот на владата во Софија

    Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори контра ставовите на власта. Се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите- членки на Европската унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Македонија кон ЕУ.

  • Македонија 05.10.2020 16:21

    Угостителите реагираат на новите мерки

    Незадоволство меѓу угостителите по новите владини мерки. Од Сојузот на стопански комори оценуваат дека поради десетина неодговорни сопственици, цената ја плаќа цела фела. Со новите мерки се казнуваат 6.500 угостители со 35.000 вработени, велат од Туристичко- угостителската комора при ССК.

  • Македонија 05.10.2020 15:41

    Онлајн наставата без поголеми проблеми

    Во околу 75 проценти од училишта, онлајн наставата се одвива без никакви проблеми, покажува анализата на Министерството за образование. 98 отсто од учениците од прво до трето одделение се седнати во клупите, а околу два проценти наставата ја следат преку компјутер.

  • Македонија 05.10.2020 15:29

    Комисијата препорача, Владата ќе одлучува за отворање на границите

    Отворањето на границите без ПЦР тест е регионална иницијатива. Но, граѓаните да патуваат само доколку е неопходно – вели премиерот Зоран Заев.

Pages