Според Светската здравствена организација, Тетово и Тузла спаѓаат во десетте најзагадени градови во Европа со највисок степен на токсични честитки во воздухот.
-
Македонија 31.10.2018 12:50
-
Македонија 31.10.2018 12:23
Одложено судското рочиште за собраниските настани од 27-ми април
Поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски, одложено судското рочиште за насилството во Собранието од 27-ми април, минатата година.
-
Македонија 31.10.2018 12:17
Запленети 46 килограми марихуана во Тетово
Полицијата заплени 46 килограми марихуана од 54 годишен тетовец. Дрогата е пронајдена при претрес на две куќи, негова сопственост.
-
Македонија 31.10.2018 12:12
Владата предлага да се укине плаќањето по учинок за лекарите
Владата предлага да се укине плаќањето по учинок на здравствените работници. Основната плата и делот за успешност да се утврдува согласно со колективниот договор, и да се создадат услови за обезбедување кадар во јавните здравствени установи, преку преземање од приватните.
-
Македонија 31.10.2018 12:01
Заврши жетвата на оризот
Жетва на оризот во Кочанско заврши навреме, а од засеаните 2.600 хектари собрани се скоро 15 илјади тони оризова арпа.
-
Македонија 30.10.2018 15:46
Метео: Натпросечно топло време за овој период од годината
Од утре следува период на умерено облачно стабилно и натпросечно топло време за овој период од годината.
Утре максималната температура ќе достигне до 27 степени. Во Скопје се очекува температура од 25 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 30.10.2018 14:54
Усвојување на амандманите според роковите
Амандманите за уставните промени ќе бидат усвоени во Собранието во предвидениот рок, изјави премиерот Заев. Очекува поголема поддршка од опозицијата за до крајот на јануари да биде ратификуван Договорот од Преспа, а подоцна, како што рече, Грција ќе ја почне ратификацијата во својот Парламент.
-
Македонија 30.10.2018 14:05
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 стипендии за студенти од Фармацевтскиот и од Медицинскиот факултет
Доделени 40 стипендии на 12 студенти нa фармацевтскиот и на 28 студенти на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Фондацијата „Трајче Мукаетов“ 11 година по ред ги поддржува младите и амбициозни кадри кои решиле да градат кариера во здравството и фармацијата.
-
Македонија 30.10.2018 13:57
ОЈО постапува по две анонимни кривични пријави против претседателот Иванов
Скопското Јавно обвинителство отвори предистражна постапка за да ги истражи наводите во двете анонимни кривични пријави поднесени против шефот на државата Ѓорге Иванов, а во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа.
-
Македонија 30.10.2018 13:44
Влада на РМ: Кризната состојба на јужната и на северната граница да продолжи до јуни 2019-та
Владата предлага да се продолжи кризната состојба на јужната и на северната граница до средината на идната година. Целта е да се спречи влез и транзитирање мигранти на територија на земјава.










